wiki:About

beautyCenter

Членови на тимот:

Име и презиме: Индекс:
Марија Силјановска 193021
Тамара Симиќ 193014

Краток опис на проектот:

Веб платформа за закажување термин во салон за убавина која ќе биде достапна во целата држава. Клиентите ќе може да се регистрираат на сајтот и за нив ќе се чуваат податоци за име,презиме,телефонски број, е-адреса и број на резервации. Со најавување на страната добиваат можност да резервираат термин за некоја услуга која ја нуди салонот, како и можност да оценат некоја од услугите за идните корисници да имаат дополнителни информации. За вработените ќе се чува име, презиме,работно искуство(во години), телефонски број и е-адреса. За закажаниот термин ќе се чува број на резервација, цена, клиент,вработен и термин.

Детален опис на проектот:

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби

Овој проект опфаќа веб апликација за фирма, салон за убавина - beautyCenter со сопствена база која ќе ја олеснува работата на салонот, како и на корисниците на услугите. Апликацијата ќе овозможува закажување на термин за соодветна услуга во салонот според слободните термини и услуги. Салонот ќе ја обезбедува оваа апликација како сервис со цел да се поедностави работата на сите вработени. Апликацијата е посредник помеѓу клиентите и вработените во самиот салон.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Примарната цел на апликацијата е да не се одзема непотребно време за резервирање преку телефон или пораки, туку сите вработени да имаат пристап до базата во која ќе се достапни термините кои се закажани. Ќе се реши проблемот на недоразбирање и неусогласеност во термините чија причина е резервирање од страна на различни вработени без запазување на промените. Со оваа веб апликација ќе се избегнат грешките и сите вработени и корисници ќе бидат во тек со промените и новостите. Фирмата ќе има постојан приказ на резервациите и клиентите, а со тоа ќе се овозможи поефективно менаџирање со заработката, ресурсите како и ќе може да се прават анализи за подобрување на услугите и зголемена побарувачка на истите.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе има два вида на корисници. Едните се вработените во самиот салон, а од другата страна се клиентите кои ги користат услугите. Апликацијата е на ниво на целата држава и секој може да прави резервации. Вработените ќе имаат пристап до сите резервации, а исто така ќе имаат можност да ги внесуваат своите слободни термини. Клиентите ќе можат да прават резервации, а ќе имаат пристап само до слободните термини, како и до своите резервации.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Ваков тип на апликација е единствен во фирмата, како и во околината со што е една придобивка повеќе за привлекување повеќе клиенти. Друга добра страна е тоа што со неколку клика во било кое време корисниците може да добијат информации за салонот како слободните термини,услугите кои се нудат, нивната цена и секако ќе може да се направи резервација на термин.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Веб апликација

Last modified 3 years ago Last modified on 03/10/22 18:23:06
Note: See TracWiki for help on using the wiki.