wiki:About

Version 3 (modified by 193021, 2 years ago) ( diff )

--

beautyCenter

Членови на тимот:

Име и презиме: Индекс:
Марија Силјановска 193021
Тамара Симиќ 193014

Краток опис на проектот:

Веб платформа за закажување термин во салон за убавина која ќе биде достапна во целата држава. Клиентите ќе може да се регистрираат на сајтот и за нив ќе се чуваат податоци за име,презиме,телефонски број, е-адреса и број на резервации. Ќе може да се одбере вработен од повеќето професионалци кои имаат слободен термин во денот кој ќе се одбере, но исто така ќе може да се одбере само термин без разлика кај кого ќе се одвива услугата. За вработените ќе се чува име, презиме,работно искуство(во години), телефонски број и е-адреса. За закажаниот термин ќе се чува број на резервација, цена, клиент,вработен и термин.

Детален опис на проектот:

Се работи за апликација која ќе овозможува закажување термин за клиенти кои сакаат да ги користат услугите на салонот beautyCenter. Салонот beautyCenter ќе ја обезбедува оваа апликација како сервис со цел да се поедностави работата на сите вработени. Примарната цел на апликацијата е да не се одзема непотребно време за резервирање преку телефон или пораки, туку сите вработени да имаат пристап до базата во која ќе се достапни термините кои се закажани.

Апликацијата е наменета исклучиво за клиенти кои сакаат да видат каков тип на услуги се нудат, да ги разгледаат цените и со тоа да резервираат термин. Салонот beautyCenter ќе им овозможи на своите клиенти веб апликација која ќе биде достапна низ целата држава и секој заинтересиран е поканет да резервира термин и лично да го искуси професионализмот на вработените!

Note: See TracWiki for help on using the wiki.