wiki:UseCaseImplementations

Опис на финална имплементација со функционалности и насоки за употреба

Финалната верзија на апликацијата опфаќа неколку сценарија:

  • Регистација на клиент/вработен.
  • Најава на клиент/вработен.
  • Вработен објавува нов слободен термин.
  • Вработен додава нов сервис.
  • Клиент дава оценка за одреден сервис.
  • Клиент резервира термин.
  • Клиент го едитира/брише својот термин.

Опис на секое од наведените сценарија

Регистација на вработен

На почетната страница се достапни 3 копчиња кои се следните: home - на кое што се прикажува почетната страница со неколку фотографии од салонот, about us - се прикажуваат картички со достапните сервиси и има копче чиј што клик пренасочува кон регистрација и services - каде што се листаат детално сите сервиси и кој од вработените ги извршува истите.

При клик на копчето за регистрација се појавува формата за регистрација која е предефинирана за клиент но со клик на копчето "Регистрирај се како вработен" внесените креденцијали се внесуваат во базата и се пренасочува кон страната за најава.

Најава на вработен

Откако ќе се најави вработениот со новите креденцијали, му се овозможува пристап до страната services каде може да додава нови сервиси, страната термини каде му се листаат сите слободни термини и од кој вработен се истите, клиенти - каде има листа од сите регистрирани клиенти со нивните информации, резервирани термини каде се листаат сите резервирани термини без разлика од кој клиент се истите.

Вработен објавува нов слободен термин

Вработен додава нов сервис

При отварањето на страната со сервисите има копче кое овозможува додавање нов сервис (само од страна на вработен) и истиот потоа може да се менува или брише.

Регистрација на клиент и најава на истиот

Секој може да се регистрира како клиент на страната со внесување неколку основни информации. При најава на истиот клиент се овозможуваат следните страници:

Клиент дава оценка за одреден сервис

При листањето на сервисите може да се забележат две копчиња кои се листа на оценки и оцени сам. Се прикажуваат сите рејтинзи на сервисите за клиентот да може полесно да се одлучи што сака да прави во салонот врз база на тие коментари. Исто така може и самиот тој да гласа за одреден сервис за кој мисли дека може да напише коментар кој ќе биде од помош.

Клиент резервира термин

Со клик на копчето Направи резервација се отвара страната за резервирање каде клиентот бира термин, сервис и метод на плаќање. По клик на копчето Submit, се редиректира на страната Резервации на која се листаат сите досегашни резервации на клиентот во салонот. Истите тој може да ги едитира или брише во секое време.

Last modified 2 years ago Last modified on 09/23/22 09:01:44

Attachments (17)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.