wiki:UseCaseImplementations

Version 10 (modified by 193021, 2 years ago) ( diff )

--

Опис на финална имплементација со функционалности и насоки за употреба

Финалната верзија на апликацијата опфаќа неколку сценарија:

  • Регистација на клиент/вработен.
  • Најава на клиент/вработен.
  • Вработен објавува нов слободен термин.
  • Вработен додава нов сервис.
  • Клиент дава оценка за одреден сервис.
  • Клиент резервира термин.
  • Клиент го едитира/брише својот термин.

Опис на секое од наведените сценарија

Регистација на вработен

На почетната страница се достапни 3 копчиња кои се следните: home - на кое што се прикажува почетната страница со неколку фотографии од салонот, about us - се прикажуваат картички со достапните сервиси и има копче чиј што клик пренасочува кон регистрација и services - каде што се листаат детално сите сервиси и кој од вработените ги извршува истите.

При клик на копчето за регистрација се појавува формата за регистрација која е предефинирана за клиент но со клик на копчето "Регистрирај се како вработен" внесените креденцијали се внесуваат во базата и се пренасочува кон страната за најава.

Најава на вработен

Откако ќе се најави вработениот со новите креденцијали, му се овозможува пристап до страната services каде може да додава нови сервиси, страната термини каде му се листаат сите слободни термини и од кој вработен се истите, клиенти - каде има листа од сите регистрирани клиенти со нивните информации, термини каде се листаат сите резервирани термини без разлика од кој клиент се истите.

Attachments (17)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.