wiki:About

CarZone


Членови на тимот

Име и Презиме Индекс
Стефан Петров 141515

Краток Опис

CarZone е современа платформа за продажба на автомобили од страна на овластени застапништва. Во базата на податоците ќе има повеќе претставништва (dealerships), и ќе се чуваат информации за локација на претставништвото, име, директор, и даночен број. Од тука, клиентите (односно корисниците на платформата) ќе можат да ги гледаат и разлистуваат возилата што ги нудат сите застапништва. Ќе може да се разгледуваат различните возила кои ги нудат застапништвата, односно автомобили, камиони, комбиња, и мотори. Информациите кои што ќе се чуваат за секој од возилата се: тип на возило, број на шасија, број на мотор, зафатнина на мотор, коњажа, боја, и цена. Корисниците ќе имаат име, презиме, адреса, и е-пошта. По е-пошта, корисниците можат да побараат застапништвото да креира купопродажен договор на страната кој се состои од технички податоци како ДДВ и број на договор, при што корисникот потоа извршува уплата која се завршува преку одредена банка и корисничка сметка.

Детален Опис

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби

Базата на податоци е наменета за онлајн платформа за продавање на возила, каде што застапништва ќе може да додаваат огласи со нивните возила а корисниците да ги разгледуваат и купуваат. Одговорен за поседување на базата на податоци и обезбедување на сервисот ќе биде фирмата сопственик на онлајн платформата (ние).

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Платформата ќе обезбеди едно централно место каде што ќе може повеќе застапништва да огласуваат возила. Бидејќи моментално застапништвата (на пример Мерцедес или БМВ) листаат нови и половни возила само на нивните страни, лимитирани се од аспект на тоа колку клиенти им ги посетуваат страниците и огласите. Едно централно место каде што ќе може да ги огласат возилата кои потоа ќе бидат листани од потенцијални клиенти им е во голема полза на застапништвата, но исто така и на потенцијалните клиенти кои со сигурност знаат дека купуваат возило од овластено застапништво а не од поединец.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Застапништвата ќе може да се регистрираат и да огласуваат возила, да бришат и изменуваат огласи (само нивни огласи). Корисниците (купувачите) ќе може да се регистрираат и да разгледуваат возила, со тоа што ќе може исто така да испратат барање за договор до застапништвата. Целосен пристап до базата односно способност да отстрани застапништво или корисник би имал само администраторот на базата кој е вработен во фирмата која е сопственик на онлајн платформата.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

Иако има слични решенија, ниту едно не е специфично направено да работи само со застапништва. Сите други или дозволуваат и приватни продажби од физички лица, или огласуваат возила кои ги продаваат тие самите (пример AutoWelt, фирма која огласува возила која таа самата ги увезува и продава).

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб-апликација, со цел да може да биде лесно пристапена од web browser без разлика дали корисникот е на телефон, лаптоп, или PC.

Last modified 5 months ago Last modified on 01/04/24 12:27:09
Note: See TracWiki for help on using the wiki.