Changes between Version 1 and Version 2 of About


Ignore:
Timestamp:
12/30/23 20:09:00 (5 months ago)
Author:
141515
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • About

    v1 v2  
    1 Temporary Holder
     1= CarZone
     2
     3----
     4
     5== Членови на тимот
     6
     7||= Име и Презиме =||=Индекс=||
     8|| Стефан Петров || 141515||
     9
     10----
     11== Краток Опис
     12
     13CarZone е современа платформа за продажба на автомобили од страна на овластени застапништва. Во базата на податоците ќе има повеќе претставништва (dealerships), и ќе се чуваат информации за локација на претставништвото, име, директор, и даночен број. Од тука, клиентите (односно корисниците на платформата) ќе можат да ги гледаат и разлистуваат возилата што ги нудат сите застапништва. Ќе може да се разгледуваат различните возила кои ги нудат застапништвата, односно автомобили, камиони, комбиња, и мотори. Информациите кои што ќе се чуваат за секој од возилата се: тип на возило, број на шасија, број на мотор, зафатнина на мотор, коњажа, боја, и цена. Корисниците ќе имаат име, презиме, адреса, и е-пошта. Тие можат да побараат застапништвото да креира купопродажен договор кој се состои од технички податоци како ДДВ и број на договор, при што корисникот потоа извршува уплата која се завршува преку одредена банка и корисничка сметка.
     14
     15== Детален Опис
     16'''''За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби'''''
     17
     18Базата на податоци е наменета за онлајн платформа за продавање на возила, каде што застапништва ќе може да додаваат огласи со нивните возила а корисниците да ги разгледуваат и купуваат. Одговорен за поседување на базата на податоци и обезбедување на сервисот ќе биде фирмата сопственик на онлајн платформата (ние).
     19
     20'''''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?'''''
     21
     22Платформата ќе обезбеди едно централно место каде што ќе може повеќе застапништва да огласуваат возила. Бидејќи моментално застапништвата (на пример Мерцедес или БМВ) листаат нови и половни возила само на нивните страни, лимитирани се од аспект на тоа колку клиенти им ги посетуваат страниците и огласите. Едно централно место каде што ќе може да ги огласат возилата кои потоа ќе бидат листани од потенцијални клиенти им е во голема полза на застапништвата, но исто така и на потенцијалните клиенти кои со сигурност знаат дека купуваат возило од овластено застапништво а не од поединец.
     23
     24'''''Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?'''''
     25
     26Застапништвата ќе може да се регистрираат и да огласуваат возила, да бришат и изменуваат огласи (само нивни огласи). Корисниците (купувачите) ќе може да се регистрираат и да разгледуваат возила, со тоа што ќе може исто така да испратат барање за договор до застапништвата. Целосен пристап до базата односно способност да отстрани застапништво или корисник би имал само администраторот на базата кој е вработен во фирмата која е сопственик на онлајн платформата.
     27
     28'''''Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?'''''
     29
     30Иако има слични решенија, ниту едно не е специфично направено да работи само со застапништва. Сите други или дозволуваат и приватни продажби од физички лица, или огласуваат возила кои ги продаваат тие самите (пример AutoWelt, фирма која огласува возила која таа самата ги увезува и продава).
     31
     32'''''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?'''''
     33
     34Се работи за веб-апликација, со цел да може да биде лесно пристапена од web browser без разлика дали корисникот е на телефон, лаптоп, или PC.