wiki:ERModel

Актуелна верзија - v1.2

Дијаграм

Податочни побарувања

Ентитети

  1. User - Родител-ентитет со податоци за секој корисник од кој произлегуваат 3 ентитети.
  • UserID - примарен клуч, нумерички тип, задолжителен (serial)
  • Name - текстуален тип, задолжителен
  • Surname - текстуален тип, задолжителен
  • City_of_Residency - текстуален тип, опционален
  • Password - текстуален тип, задолжителен
  • Phone_Number - текстуален тип, задолжителен
  1. Student - Ентитет за студент-корисник кој што бара стан или цимер/и
  • Ги наследува сите атрибути од User ентитетот покрај следниве:
  • Пол - текстуален тип, опционален
  • Возраст - нумерички тип, опционален
  1. Owner - Ентитет за корисник кој што издава станови
  • Ги наследува сите атрубити од User ентитетот без дополнителни
  1. Admin - Ентитет за администратор на системот
  • Ги наследува сите атрибути од User ентитетот покрај следниот:
  • Role - текстуален тип, задолжителен
  1. Faculty - Ентитет за факултет
  • FacultyID - примарен клуч, нумерички тип, задолжителен (serial)
  • Fname - текстуален тип, задолжителен
  1. City - Ентитет за град
  • CityName - примарен клуч, текстуален тип, задолжителен
  1. Building - Ентитет за зграда во град
  • BuildingID - примарен клуч, нумерички тип, задолжителен (serial)
  • Building_Address - текстуален тип, задолжителен
  1. Apartment - Ентитет за стан
  • ApartmentID - примарен клуч, нумерички тип, задолжителен (serial)
  • Apartment_Address - текстуален тип, задолжителен
  • Size - текстуален тип, задолжителен
  1. Post - Ентитет за објава на системот
  • PID - примарен клуч, нумерички тип, задолжителен (serial)
  • Date_Posted - датум, задолжителен
  • Price - нумерички тип, задолжителен
  • Num_Roomates - нумерички тип, задолжителен
  • Description - текстуален тип, опционален
  1. StudentPost - Ентитет за објава од страна на студент
  • Ги наследува сите атрибути од Post ентитетот без дополнителни
  1. OwnerPost - Ентитет за објава од страна на корисник што издава станови
  • Ги наследува сите атрибути од Post ентитетот покрај следниот:
  • Apartment_photos - multivalue, опционален
  1. ApartmentAgreement - Ентитет за договор склучен за изнајмување на стан помеѓу студенти и газдата на станот.
  • AgreementID - примарен клуч, нумерички тип, задолжителен (serial)
  • Date_Signed - датум, задолжителен
  • Date_Exipres - датум, задолжителен
  • ApartmentRent - нумерички тип, задолжителен

1-1 Релации

1-М Релации

  1. Attends - Релација помеѓу ентитетите Faculty и Student. Релацијата означува на кој факултет е студентот-корисник. 1-М релација бидејќи повеќе студенти може да присуствуваат на 1 факултет, додека 1 студент (во нашиот систем земано) може да присуствува само на 1 факултет. Тотално учество од страната на ентитетот Student, парцијално учество од Faculty.
  2. Located_In - Релација помеѓу ентитетите City и Faculty. Релацијата означува во кој град е факултетот. 1-М релација бидејќи 1 факултет може да биде во само 1 град, додека 1 град може да има повеќе факултети. Тотално учество од страната на Faculty, парцијално учество од City.
  3. City_Contains - Релација помеѓу ентитетите City и Building. Релацијата означува зградата во кој град е. 1-М релација бидејќи 1 град има повеќе згради, додека 1 зграда може да биде во само 1 град. Тотално учество од страната на Building, парцијално учество од страната на City.
  4. Building_Contains - Релација помеѓу ентитетите Building и Apartment. Релацијата означува станот во која зграда е. 1-М релација бидејќи 1 зграда има повеќе станови, додека 1 стан може да биде во само 1 зграда. Тотално учество од страната на Apartment, парцијално учество од Building.
  5. Owns - Релација помеѓу ентитетите Owner и Apartment. Релацијата означува станот на кој газда припаѓа. 1-M релација бидејќи 1 газда може да има повеќе станови, додека 1 стан има само 1 газда. Тотално учество од странта на Apartment, парцијално учество од Owner.
  6. Owner_Signs - Релација помеѓу ентитетите Owner и ApartmentAgreement. Релацијата означува договорот кој што газда го потпишува. 1-М релација бидејќи 1 газда може да потпише повеќе договори, додека 1 договор може да биде потпишан од само 1 газда. Тотално учество од страната на ApartmentAgreement, парцијално учество од Owner.
  7. Owner_Posts - Релација помеѓу ентитетите Owner и OwnerPost. Релацијата ги означува објавите од газдата за стан. 1-М релација бидејќи 1 газда може да стави повеќе објави, додека 1 објава може да биде ставена од само 1 газда. Тотално учество од страната на OwnerPost, парцијално учество од Owner.
  8. Is_About - Релација помеѓу ентитетите Apartment и OwnerPost. Релацијата означува објавата од газдата за кој стан е наменета. 1-М релација бидејќи 1 стан може да има повеќе објави за него, додека 1 објава е наменета за само 1 стан. Тотално учество од страната на OwnerPost, парцијално учество од Apartment.
  9. Student_Posts - Релација помеѓу ентитетите Student и StudentPost. Релацијата ги означува објавите од студентот за стан. 1-М релација бидејќи 1 студент може да стави повеќе објави, додека 1 објава може да биде ставена од само 1 студент. Тотално учество од страната на StudentPost, парцијално учество од Student_Posts.
  10. Is_For - Релација помеѓу ентитетите City и Posts. Релацијата означува објавите за во кој град се објавени. 1-М релација бидејќи 1 објава може да биде само за 1 град, додека 1 град може да има повеќе од 1 објава. Тотално учество од страната на Posts, парцијално учество од City.
  11. Is_Binded - Оваа релација ги поврзува ентитетите Apartment и ApartmentAgreement. Релацијата го означува изнајмувањето на станот. Соодветно е 1-M релација бидејќи 1 стан може да биде врзан со повеќе договори откако стариот истечи, а 1 договор може да биде само за 1 стан. Тотално учество од страна на ApartmentAgreement, парцијално учество од Apartment.

М-М Релации

  1. Student_Signs - Релација помеѓу ентитетите Student и ApartmentAgreement. Релацијата означува потпишувањето на договор од студент за стан. М-М релација бидејќи повеќе студенти можат да потпишат 1 или повеќе договори и 1 договор може да биде потпишан од 1 или повеќе студенти. Тотално учество од страната на ApartmentAgreement, парцијално учество од Student.
  2. Moderates_Posts_For - Релација помеѓу ентитетите Admin и City. Релацијата означува администратор во кој град ги проверува објавите. М-М релација бидејќи 1 администратор може да регулира објави во 1 или повеќе градови и објавите во повеќе градови може да бидат регулирани од 1 или повеќе администратори. Парцијално учество од двете страни.

Историјат

ВерзијаОпис
v1.0Иницијална верзија
v1.1Додаден атрибут ApartmentRent за ентитетот ApartmentAgreement
v1.2Промени во City со додавање на CityID и промени во is_binded релацијата
Last modified 16 months ago Last modified on 07/10/23 18:43:13

Attachments (7)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.