Визија
1. Вовед
Целта на нашата апликација е агрегација на рецепти во една веб апликација која визуелно и едноставно ќе им ги прикаже резултатите на клиентите како и лесна и едноставна достава на потребните состојки. Воедно секој корисник на нашата апликација ќе има прилагодено пребарување врз основа на различни состојки.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Тема на проблем | Непостоење на апликација со обилна колекција од убави рецепти за храна составени од избрани состојки и доставување на истите
|
---|
Кого засега | Сите лица кои што се љубители на сопствено зготвена домашна храна кои не сакаат репететитивни рецепти за храна
|
---|
Со последици како | Нездрава, скапа и монотона храна приготвена во сендвичари или угостителски објекти
|
---|
Успешно решение би било | Веб апликација која би го потикнал народот да започне со готвење на домашна, поевтина и поздрава храна
|
---|
2.2 Позиција на пазарот
За | Сите луѓе
|
---|
Кои | Би сакале да започнат со готвење на своја храна и да намалат на непотребни трошоци
|
---|
CookCraft | Е веб апликација за агрегирање на рецепти
|
---|
Кој овозможува | Лесен пристап до изобилие на рецепти со прилагодено пребарување и достава на состојки
|
---|
За разлика од | Мануелно пребарување на еден рецепт
|
---|
Нашиот продукт | Нуди голем опсег на рецепти од различни интернационални кујни кои можат да се приготват од дома
|
---|
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Клиент | Корисник на апликацијата | Користење на апликацијата
|
Доставувач | Доставувач на состојки | Доставување на порачаните состојки до клиентот во разумно време
|
Маркети/Продавници | Добавувачи на состојки | Редовно ажурирање на своите достапни состојки и нивната цена
|
Развивач на апликацијата | Одржувач на апликацијата | Често одржување на апликацијата како и пронаоѓање на потенцијални грешки во системот
|
Администратор | Прегледувач и Работодавец | Прегледувач на дадени коментари и оценки за рецепти како и интервјуер и прегледувач на апликации за вработување
|
Супер администратор | Распределувач на пермисии | Доделување на пермисиите на администраторите и развивачите на апликацијата
|
3.2 Корисничка околина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој мобилен телефон, таблет или компјутер, со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.
4. Преглед на производот
4.1 Барања
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Регистрација и најава на корисници | Висок | Можност за најава на веб апликацијата преку лична email адреса
|
Пребарување | Висок | Пребарување на одреден рецепт според име
|
Филтрирање | Висок | Можност за филтрирање на рецепти според различни потребни
|
Доделување на оценка на рецепти | Висок | Внесување на бројчена оценка на рецепт по негова приготовка
|
Преглед на омилени рецепти | Висок | Приказ на омилени рецепти кои корисникот ги внесол
|
Преглед на оценети рецепти | Висок | Приказ на оценети рецепти од страна на корисникот
|
Преглед на моментално нарачани состојки | Висок | Приказ на моменталната направена нарачка како и предвидено време за пристигнување на истата
|
5. Други барања
Барање | Приоритет
|
---|
Интернет конекција | Висок
|
Мобилен телефон, таблет или лаптоп/компјутер | Висок
|
Веб прелистувач | Висок
|
Потреба на личен профил за правење нарачки на состојки | Висок
|
Потреба на личен профил за доставувачи | Висок
|