wiki:Vision

Version 7 (modified by 222077, 7 months ago) ( diff )

--

Визија

1. Вовед

Целта на нашата апликација е агрегација на рецепти во една веб апликација која визуелно и едноставно ќе им ги прикаже резултатите на клиентите како и лесна и едноставна достава на потребните состојки. Воедно секој корисник на нашата апликација ќе има прилагодено пребарување врз основа на различни состојки.

2. Позиционирање

2.1 Дефиниција на проблем

Тема на проблем Луѓето се се хранат со многу репетитивни и нездрави рецепти бидејќи немаат доволно инспирација и идеи за добра, разновидна и здрава исхрана
Кого засега Сите лица кои што се љубители на сопствено зготвена домашна храна кои не сакаат репететитивни рецепти за храна
Со последици како Нездрава, скапа и монотона храна приготвена во сендвичари или угостителски објекти
Успешно решение би било Веб апликација која би го потикнал народот да започне со готвење на домашна, поевтина и поздрава храна

2.2 Позиција на пазарот

За Сите луѓе
Кои Би сакале да започнат со готвење на своја храна и да намалат на непотребни трошоци
CookCraft Е веб апликација за агрегирање на рецепти
Кој овозможува Лесен пристап до изобилие на рецепти со прилагодено пребарување и достава на состојки
За разлика од Мануелно пребарување на еден рецепт
Нашиот продукт Нуди голем опсег на рецепти од различни интернационални кујни кои можат да се приготват од дома

3. Опис на засегнатите лица

3.1 Преглед

Име Опис Одговорности
Клиент Корисник на апликацијата Користење на апликацијата
Доставувач Доставувач на состојки Доставување на порачаните состојки до клиентот во разумно време
Маркети/Продавници Добавувачи на состојки Редовно ажурирање на своите достапни состојки и нивната цена
Развивач на апликацијата Одржувач на апликацијата Често одржување на апликацијата како и пронаоѓање на потенцијални грешки во системот
Администратор Прегледувач и Работодавец Прегледувач на дадени коментари и оценки за рецепти како и интервјуер и прегледувач на апликации за вработување
Супер администратор Распределувач на пермисии Доделување на пермисиите на администраторите и развивачите на апликацијата

3.2 Корисничка околина

Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој мобилен телефон, таблет или компјутер, со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.

4. Преглед на производот

4.1 Барања

Потреба Приоритет Карактеристики
Регистрација и најава на корисници Висок Можност за најава на веб апликацијата преку лична email адреса
Пребарување Висок Пребарување на одреден рецепт според име
Филтрирање Висок Можност за филтрирање на рецепти според различни потребни
Доделување на оценка на рецепти Висок Внесување на бројчена оценка на рецепт по негова приготовка
Преглед на омилени рецепти Висок Приказ на омилени рецепти кои корисникот ги внесол
Преглед на оценети рецепти Висок Приказ на оценети рецепти од страна на корисникот
Преглед на моментално нарачани состојки Висок Приказ на моменталната направена нарачка како и предвидено време за пристигнување на истата

5. Други барања

Барање Приоритет
Интернет конекција Висок
Мобилен телефон, таблет или лаптоп/компјутер Висок
Веб прелистувач Висок
Потреба на личен профил за правење нарачки на состојки Висок
Потреба на личен профил за доставувачи Висок
Note: See TracWiki for help on using the wiki.