wiki:UseCaseModel/MenadziranjeInventar

Use-Case: Менаџирање податоци за инсулински инвентар

1. Краток опис

Бележникот за дијабетичари им нуди можност на своите корисници да водат евиденција за залихите на инсулински инвентар(инсулин и ленти за мерење шеќер) кои ги поседуваат.

2. Актери

2.1 Пациент-Дијабетичар
Корисник кој со помош на апликацијата го менаџира својот инвентар за инсулин.

3. Предуслови

Регистрација и најава на апликацијата.

4.Основен тек на настани

  1. Use case започнува кога корисникот пристапува до секција за менаџирање на инсулински инвентар.
  2. Апликацијата ги прикажува информациите за инвентарот кој корисникот го поседува.
  3. Use case завршува успешно.

5. Алтернативен тек на настани

5.1 Додавање залихи во инвентар
При чекор 2 од основниот тек корисникот има опција да додаде нови залихи во својот инвентар така што:

  1. Корисникот пристапува до секција за додавање нови залихи.
  2. Корисникот внесува залихи со информации за име, производител, количина и рок на употреба.
  3. Апликацијата ги ажурира информациите.
  4. Use case завршува успешно.

5.2 Отстранување залихи од инвентар
При чекор 2 од основниот тек корисникот има опција да отстранува веќе внесени залихи во својот инвентар така што:

  1. Корисникот пристапува до секција за отстранување залихи од инвентарот.
  2. Корисникот избира кои залихи ќе ги отстрани.
  3. Апликацијата ги ажурира информациите.
  4. Use case завршува успешно.

5.3 Преглед на инвентар
При чекор 2 од основниот тек корисникот има опција да врши преглед на својот инвентар преку фактор така што:

  1. Корисникот избира според кој фактор(рок на траење,количина, име(име на инсулин и за ленти име на апарат за кој се наменети),производител) ќе врши увид на залихите во својот инвентар.
  2. Апликацијата ги прикажува информациите.
  3. Use case завршува успешно.

5.4 Можност за прекин на акција
При било кој чекор од алтернативните текови "Додавање залихи во инвентар" и "Отстранување залихи од инвентар" ,корисникот има можност за прекин на акцијата и излез.

5.5 Празен инвентар
Алтернативниот тек "Отстранување залихи од инвентар" не може да се изврши доколку нема претходно внесени залихи во инвентарот. Апликацијата прикажува порака за грешка и празен инвентар.

6. Клучни сценарија

6.1 Потсетник за истек на инсулин
Корисникот при отворање на прозорецот за евиденција добива известување дека залихите на инсулин во неговиот инвентар се при крај.

7. Пост-услови

7.1 Ажурирање информации
Инвентарот на инсулин на корисникот се ажурира со новите информации доколку се направи промена

8. Специјални побарувања

  1. Апликација ќе ги известува корисниците дека нивните залихите во инвентарот се пред истекување.
Last modified 6 months ago Last modified on 12/17/23 14:48:54
Note: See TracWiki for help on using the wiki.