wiki:AboutProject

Version 2 (modified by 231138, 2 weeks ago) ( diff )

--

About: DriveNet

Членови на тим:

Александар Милошевски - 231138

Исидора Кузмановска - 231052

Андон Михајлов - 231016

Краток опис:

DriveNet претставува веб апликација за споделување на возила и совозачество (carpooling). Во базата на податоци ќе се чуваат информации за корисниците поделени во две улоги — возачи и патници, возилата со нивните производители и модели, рутите со дефинирани меѓустаници, резервациите, оценувањата меѓу корисниците и известувањата. Апликацијата им овозможува на возачите да објавуваат рути со слободни места и цена по километар, а патниците можат да пребаруваат рути и да резервираат места до посакуваната дестинација. Системот поддржува алгоритам за рамномерна поделба на трошоците за гориво меѓу патниците, со цел да им олесни на возачите да знаат колку да наплатат. Плаќањето е исклучиво во готово.

Детален опис на проектот:

DriveNet е платформа за организирано совозачество наменета за секојдневни патувања, која ги поврзува возачи кои патуваат на одредена рута со патници кои имаат потреба да стигнат до иста или слична дестинација. Основната идеја е намалување на трошоците за транспорт и на сообраќајното оптоварување преку споделување на возила.

Возачот при регистрација внесува информации за своето возило, а при секое патување ја објавува рутата со почетна и крајна точка, меѓустаници, датум и час, број на слободни места и цена по километар. Патниците можат да пребаруваат активни рути и да резервираат место за дел или целата рута. По завршувањето на патувањето, и возачот и патниците можат да се оценуваат меѓусебно.

Системот исто така вклучува алгоритам за поделба на трошоците за гориво кој автоматски пресметува колку треба да плати секој патник врз основа на поминатата дистанца, со цел да им помогне на возачите во наплатата.

Одговори на конкретни прашања:

1. Кој е сопственик/оператор на базата и апликацијата?

Апликацијата е наменета да биде управувана од компанија или стартап кој ја нуди платформата за совозачество како сервис. Компанијата е одговорна за одржувањето на базата, безбедноста на корисничките податоци и достапноста на услугата.

2. Какви проблеми ги решава?

DriveNet го решава проблемот на скапиот и неорганизиран индивидуален превоз, особено на подолги рути меѓу градови. Им помага на возачите да ги покријат трошоците за гориво, а на патниците да патуваат поевтино и поудобно во споредба со јавниот превоз.

3. Типови на корисници:

  • Возачи — регистрирани корисници кои поседуваат возило и објавуваат рути со слободни места
  • Патници — регистрирани корисници кои бараат и резервираат места во возила
  • Администратори — управуваат со платформата, верификуваат корисници и возила и решаваат спорови

4. Разлика од слични решенија:

Постојат слични платформи во светот (BlaBlaCar, Rideshare). DriveNet се разликува по тоа што е наменет специфично за локалниот пазар, поддржува детална дефиниција на меѓустаници по рута, и го имплементира алгоритмот за поделба на трошоците директно во базата на податоци. Плаќањето е исклучиво во готово — без онлајн транзакции.

5. Тип на апликација:

DriveNet е веб апликација достапна преку прелистувач.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.