| Version 3 (modified by , 2 weeks ago) ( diff ) |
|---|
Дефинирање на проектот
Членови на тимот
| Име и Презиме | Индекс | Улога |
|---|---|---|
| Александар Милошевски | 231138 | Координатор |
| Исидора Кузмановска | 231052 | Член на тимот |
| Андон Михајлов | 231016 | Член на тимот |
Краток опис на проектот
DriveNet претставува веб апликација за споделување на возила и совозачество (carpooling). Во базата на податоци ќе се чуваат информации за корисниците поделени во две улоги — возачи и патници, возилата со нивните производители и модели, рутите со дефинирани меѓустаници, резервациите, оценувањата меѓу корисниците и известувањата. Апликацијата им овозможува на возачите да објавуваат рути со слободни места и цена по километар, а патниците можат да пребаруваат рути и да резервираат места до посакуваната дестинација. Системот поддржува алгоритам за рамномерна поделба на трошоците за гориво меѓу патниците, со цел да им олесни на возачите да знаат колку да наплатат. Плаќањето е исклучиво во готово.
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис?
- Апликацијата е наменета да биде управувана од компанија или стартап кој ја нуди платформата за совозачество како сервис. Компанијата е одговорна за одржувањето на базата, безбедноста на корисничките податоци и достапноста на услугата.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?
- DriveNet го решава проблемот на скапиот и неорганизиран индивидуален превоз, особено на подолги рути меѓу градови. Им помага на возачите да ги покријат трошоците за гориво, а на патниците да патуваат поевтино и поудобно во споредба со јавниот превоз.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
- Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
- Возачи — регистрирани корисници кои поседуваат возило и објавуваат рути со слободни места
- Патници — регистрирани корисници кои бараат и резервираат места во возила
- Администратори — управуваат со платформата, верификуваат корисници и возила и решаваат спорови
Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?
- Постојат слични платформи во светот (BlaBlaCar, Rideshare). DriveNet се разликува по тоа што е наменет специфично за локалниот пазар, поддржува детална дефиниција на меѓустаници по рута, и го имплементира алгоритмот за поделба на трошоците директно во базата на податоци. Плаќањето е исклучиво во готово — без онлајн транзакции.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
- Се работи за веб апликација достапна преку прелистувач.
