wiki:AboutProject

Version 4 (modified by 231016, 13 days ago) ( diff )

--

Дефинирање на проектот

Членови на тимот

Име и Презиме Индекс Улога
Александар Милошевски 231138 Координатор
Исидора Кузмановска 231052 Член на тимот
Андон Михајлов 231016 Член на тимот

Краток опис на проектот

DriveNet претставува веб апликација за споделување на возила и совозачество (carpooling). Во базата на податоци ќе се чуваат информации за корисниците поделени во две улоги — возачи и патници, возилата со нивните производители и модели, рутите со дефинирани меѓустаници, резервациите, оценувањата меѓу корисниците и известувањата. Апликацијата им овозможува на возачите да објавуваат рути со слободни места и цена по километар, а патниците можат да пребаруваат рути и да резервираат места до посакуваната дестинација. Системот поддржува алгоритам за рамномерна поделба на трошоците за гориво меѓу патниците, со цел да им олесни на возачите да знаат колку да наплатат. Плаќањето е исклучиво во готово.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис?

  • Апликацијата е наменета да биде управувана од компанија или стартап кој ја нуди платформата за совозачество како сервис. Компанијата е одговорна за одржувањето на базата, безбедноста на корисничките податоци и достапноста на услугата.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

  • DriveNet го решава проблемот на скапиот и неорганизиран индивидуален превоз, особено на подолги рути меѓу градови. Им помага на возачите да ги покријат трошоците за гориво, а на патниците да патуваат поевтино и поудобно во споредба со јавниот превоз.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

  • Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
    • Возачи — регистрирани корисници кои поседуваат возило и објавуваат рути со слободни места
    • Патници — регистрирани корисници кои бараат и резервираат места во возила
    • Администратори — управуваат со платформата, верификуваат корисници и возила и решаваат спорови

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

  • Постојат слични платформи во светот (BlaBlaCar, Rideshare). DriveNet се разликува по тоа што е наменет специфично за локалниот пазар, поддржува детална дефиниција на меѓустаници по рута, и го имплементира алгоритмот за поделба на трошоците директно во базата на податоци. Плаќањето е исклучиво во готово — без онлајн трансакции.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

  • Се работи за веб апликација достапна преку прелистувач.
Note: See TracWiki for help on using the wiki.