Прототип апликација
Видео презентација
Имплементација на корисничките сценарија
Инструкции за стартување
Постојат неколку начини за стартување на апликацијата. Наша препорака е извршување на скриптата прикачена подолу при што апликацијата се стартува во Docker контејнер без потреба од дополнителни инсталации и конфигурации на околината, со користење на HTTP серверот спакуван во самата jar датотека. Она што е важно да се напомене е дека за успешно стартување на апликацијата и нејзина конекција со проектната база е потребна SSH конекција кон серверот за што креденцијалите не се јавно достапни. Во продолжение е Dockerfile-от, каде што, она коешто се случува е најпрвин се презема најновата верзија од Maven (алатка за градење на апликацијата), се копира изворниот код во соодветен директориум и се пакува. Потоа излезната .jar датотека се извршува под JVM за што претходно се презема соодветна JDK верзија. На крај, се отвора портата 8080 на контејнерот кон надвор.
FROM maven:3.9.6 AS build WORKDIR /app COPY src ./src COPY pom.xml . RUN mvn clean package -DskipTests FROM amazoncorretto:21-alpine3.16-jdk WORKDIR /app COPY --from=build /app . CMD ["java", "-jar", "./target/eGlas-0.0.1-SNAPSHOT.jar"] EXPOSE 8080
Со градење на Docker слика со овој Dockerfile, истата може да се стартува при што во новокреираниот контејнер ќе стартува вградениот HTTP сервер и апликацијата ќе биде достапна на http://localhost:8080
Скрипта за стартување под Linux
Скрипта за стартување под Windows
Attachments (2)
- start-app.sh (66 bytes ) - added by 4 months ago.
- start-app-windows.bat (56 bytes ) - added by 4 months ago.
Download all attachments as: .zip