wiki:WikiStart

еГлас

Систем за електронско спроведување избори

Започнат: ноември 2023

Предмет: Бази на податоци 2023/2024/Зимски

Под менторство на: вон. проф. д-р Вангел Ајановски

Краток опис на проектот

Проект - веб апликација за електронско спроведување избори. Апликацијата ќе се состои од неколку секции:

  • внесување на избирачки листи и важечки документи за идентификација
  • внесување избирачки единици и избирачки места
  • спроведување на анонимен процес на гласање
  • аналитички прикази од резултатите и излезноста
  • поднесување и евалуација на приговори

Дополнително, би била достапна архива од сите претходно организирани избори, со целосна статистика за резултатите. Првите две секции ќе бидат достапни за корисници со напредни привилегии (администратори). Во спроведувањето на изборите, учествуваат повеќе типови корисници со различни привилегии, како што се: евидентирање на излезноста, генерирање персонализирани извештаи. Замислата е процесот на гласање да може да се изведува и онлајн, по претходна верификација на документот за идентификација, но и со физичко присуство на избирачкото место, каде наместо класичниот начин, гласањето ќе е преку паметен уред, со тоа што по идентификација од страна на членовите на избирачката комисија, корисникот ќе добие единствен код за идентификација. На овој начин резултатите од излезноста и гласањето би биле веднаш достапни. Делот за приказ на аналитика од гласачкиот процес би бил јавно достапен, односно секој ќе може да пристапи до низа графикони за избраните критериуми. По завршување на гласачкиот процес, сите учесници би имале можност да поднесат приговор кој соодветно ќе биде евалуиран од избирачката комисија. Ова е само првична идеја, која зависно од изборот на рамката за развој и потребниот степен на комплексност може да биде изменета.

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Давид Арсов (координатор) 211012
Игор Гошев 211255
Јован Симоноски 212005

Фази и координација

Фаза Име на фазаСтатусДатум
P0 Дефинирање на потреби за база на податоци одобрено 8.11.2023
P1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања одобрено 8.11.2023
P2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) одобрено 9.11.2023
P3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи одобрено 12.1.2024
P4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) одобрено 29.1.2024
P5 Прототип апликација - Основни функционалности одобрено 20.2.2024
P6 Нормализација и подобрувања на дизајнот завршено 17.6.2024
P7 Напреден апликативен развој завршено 18.5.2024
Last modified 5 months ago Last modified on 06/18/24 16:38:17

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.