Аранжман
Откако ги одбравме посакуваните инструменти за миди траките, се насочивме кон правење на различни варијанти, трудејќи се да добиеме една синхронизирана целина. Задржан е повеќеканален аранжман во Ableton, за финален микс. Целиот процес на аранжман е правен во софтверот Ableton и процесирањето е направено по канали.
Миди траките ни служеа како инспирација и понатаму ги скративме, ги менувавме и ги поставуваме на различни позиции се додека не добивме посакуван резултат. Целта беше да се држиме до стандарден анарнжман за модерна песна која треба да има intro, build up, verse, pre-chorus, chorus, bridge, outro. Бидејќи нашата песна нема текст, делови од составот за една песна ги изоставивме, но сепак се трудевме да има некоја приказна самата композиција.
Генерираните миди фајлови не беа поделени на составни делови, како на пример немаа интро на песна, завршетен дел, туку на некој начин беа монотони. Со цел да на ја достигниме нашата идеа, почнавме да истражува за почетен дел, и како би се движела целата мелодија низ песната.
Структурата за која се одлучивме е: intro -> verse -> build-up -> chorus -> build-up -> chorus -> outro.
Траката започнува со дополнителните акроди кој го водат ритамот на почетокот(intro) на мелодијата, и постепено покачување на присуството на главните акорди. Во средина на самото intro ги вклучуваме и ударните инструменти, кој заедно со главните акорди ќе бидат присутни се до крајот на мелодијата.
Понатаму откако почетокот завршува преминуваме во следната “строфа”, каде главните и допонителните акорди ги исклучуваме за одреден период, а мелодијата ја вклучуваме. Ударните инструменти продолжуваат од предходниот дел.
Одкако ќе заврши мелодијата, преминуваме во наредната фаза build-up, каде се вклучуваат басот и главните акорди.
Потоа се оди во chorus каде се вклчуваат мелодијата и главните акорди, придружувајќи ги басот и ударните инструменти. Делот со build-up и chorus потоа се повторуваат, само што во chorus делот се додадени и придружни вокали на мелодијата и ударните инструменти прекинуваат.
На крај одиме во outro делот каде, басот и екстра акордите прекинуваат, главните акорди и вокалите продолжувват и постепено се стишуваат.
Во прилог е слика од крајниот аражман од проектот во Ableton.
Attachments (1)
- aranzman.jpg (228.2 KB ) - added by 14 months ago.
Download all attachments as: .zip