Changes between Version 2 and Version 3 of Eventix/AboutProject


Ignore:
Timestamp:
04/17/26 23:39:27 (2 weeks ago)
Author:
231070
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Eventix/AboutProject

    v2 v3  
    55== Документација од фаза
    66
    7 Проектот претставува дизајн и имплементација на систем за онлајн продажба и управување со билети за настани. Системот ќе овозможи организаторите да креираат и управуваат со различни типови на настани, да дефинираат локации, капацитети, категории на билети и цени, како и да ги следат резервациите и продажбата на билети. Корисниците ќе можат да пребаруваат настани, да резервираат седишта или билети и да извршуваат плаќања, по што системот ќе генерира валидни билети за присуство на настанот.
     7Проектот претставува дизајн и имплементација на напреден систем за онлајн управување и продажба на билети за настани, кој покрива целосен циклус – од креирање на настани до купување, плаќање и анализа на податоци. Системот поддржува различни типови корисници со дефинирани улоги (администратори и обични корисници), како и дополнителни улоги поврзани со конкретни настани (event admin, sales manager, content manager), со што се овозможува флексибилно управување со содржината и продажбата.
    88
    9 Базата на податоци ќе опфати поголем број на ентитети и релации, како што се корисници, организатори, настани, локации, сали, седишта, категории на билети, резервации, плаќања, билети, како и систем за оценки и коментари за настаните. Планирано е системот да содржи најмалку дваесетина поврзани табели кои ќе овозможат реална симулација на функционалностите на современ систем за продажба на билети.
     9Организаторите можат да креираат настани со детални информации, да ги категоризираат според главни категории и подкатегории, како и да додаваат слики и да дефинираат локации, сали и нивни капацитети. Системот поддржува организација на просторот за настаните преку сали и седишта, како и различни типови на билети (standard, VIP, parter и слично), со можност за дефинирање цени по настан. Дополнително, се овозможува контрола на пристап до сали за одредени настани.
    1010
    11 Во рамки на проектот ќе се имплементираат и напредни концепти од областа на базите на податоци, како индексирање и оптимизација на пребарувања, управување со трансакции при резервација и купување билети, како и механизми за контрола на конкурентен пристап кога повеќе корисници се обидуваат да резервираат исто седиште или билет. Дополнително, системот ќе овозможи анализа на податоците за продажба и посетеност на настаните, што ќе овозможи генерирање на статистики и извештаи за најпопуларни настани, категории на билети и периоди со најголема продажба.
     11Корисниците можат да пребаруваат и филтрираат настани, да се претплатат на категории и подкатегории за персонализирано искуство, да резервираат и купуваат билети, како и да користат промо кодови за попусти. Процесот на купување се моделира преку нарачки (orders), со дефинирани статуси (created, paid, cancelled), и се поврзува со систем за плаќања и соодветно следење на статус на трансакции. Системот дополнително овозможува обработка на рефундации (refunds) со соодветни статуси. Вклучен е и систем за оценки и коментари, кој овозможува корисниците да оставаат feedback за настаните.
    1212
    13 Со овој проект се стремиме да дизајнираме реалистичен и скалабилен систем за управување со продажба на билети кој ќе ги демонстрира напредните концепти на дизајн, складирање и обработка на податоци во модерни системи за бази на податоци.
     13Секој купен билет е уникатно идентификуван и поврзан со конкретен корисник, настан, седиште и нарачка, со што се обезбедува целосна следливост и контрола низ целиот процес на продажба. Дополнително, системот имплементира механизам за листа на чекање (waitlist), преку кој корисниците можат да се пријават кога нема достапни билети. Во случај на откажување на билет од друг корисник, ослободените билети можат да им бидат понудени на корисниците од waitlist листата.
     14
     15Проектот исто така предвидува имплементација на напредни концепти како оптимизација на пребарувања, индексирање, управување со трансакции и конкурентен пристап при резервација на билети и седишта. Дополнително, системот овозможува анализа на продажбата, следење на популарност на настани и категории, како и генерирање статистики и извештаи.
     16
     17Со овој проект се стремиме да изградиме реалистичен, модуларен и скалабилен систем кој ги демонстрира современите принципи на дизајн и имплементација на релациони бази на податоци.