wiki:About

Евиденција на отсуствa

Членови на тимот

Клара Манасиева 171510

Краток опис на проектот

Веб платформа која ќе служи за матична евиденција на вработените во компанија (работни часови, дополнителни часови, оправдано и неоправдано отсуство, годишни одмори, боледувања, и слично). Ќе може да се користи од повеќе компании истовремено (централизирана база на податоци), со креирање на кориснички профил на самата платформа, кој ќе мора да биде одобрен од администраторот.
Секоја компанија(admin) може да внесува вработени и нивни податоци(име, презиме, телефон, адреса, дата на вработување, работна единица, итн.) и исто така да евидентира кој вработен кога бил отсутен и причина за отсуство и дополнително да внесува колку часа е бил на работа. Admin исто ќе има опција да дефинира работни единици(departments) на својата компанија. Секој вработен ќе има свој профил на сајтот, со сите податоци, работно место, сертификати кои ги поседува, обуки и слично (електонско CV). Предвидени се и извештаи (месечни, квартални, годишни) за искористени слободни денови и сработени работни часови.
Причина за изработка на овој проект е да се избегне рачната евиденција на отсуства на вработените, со што ќе се скрати времето за процесирање, ќе се намали процентот на грешки и ќе има брзи извештаи за секој вработен и збирно по сите вработени.

Детален опис на проектот

Идејата на проектот е изработка на апликација која ќе ја поедностави евиденцијата на вработените во една компанија, као и полесно менаџирање со човечките ресурси, евидентирање на отсуствата на вработените, односно нивно стратешко планирање.

Оваа апликација треба да ги надмине проблемите кои се појавуваат со рачното работење (евиденција на хартија)

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Сопственик на апликацијата и базата на податоци е компанија која ќе управува со неа, ќе дефинира корисници (user name и password). Наменета е за компании кои сакаат да водат евиденција за отсуствата на своите вработени.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со помош на апликацијата ќе се води евиденција за вработените, кој кога бил отсутен, како и причините за отсуство ( боледување, оправдано или неоправдано отсуство, годишен одмор и сл.) Со оваа апликација ќе се убрза процесирањето на отсуствата, и ќе се олесни изработката на разни извештаи кои им се потребни на менаџерите. И што е најважно, ќе се елиминира употребата на хартија. Ќе се овозможи долготрајно чување на податоците, како и лесен пристап до нив и нивно едитирање.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Корисници на апликацијата ќе бидат вработени во компанијата, кои имаат улога на администратор и ќе внесуваат податоци.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

Моето истражување покажа дека во светот постојат вакви слични решенија, но се многу обемни и комплицирани, повеќето од нив се на англиски јазик, што сметам дека е пречка за поголема искористеност од страна на фирмите во Македонија. Оваа апликација ќе се фокусира исклучиво на отсуствата на вработените.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација со централизирана база на податоци.

Корист (Бенефит) од апликацијата
  1. Вработените ќе можат однапред да ги планираат своите отсуства без да се поремети производниот процес.
  2. Ќе се подобри комуникацијата помеѓу вработените и менаџерите.
  3. Ќе се избегнат грешките предизвикани од човечки фактор.
  4. Поголема транспарентност во процесот на користење на отсуствата, секој вработен точно ќе знае колку денови од годишниот одмор има искористено, уште колку го следуваат, колку пати бил отсутен оправдано или неоправдано.
Last modified 4 years ago Last modified on 11/30/20 21:21:25
Note: See TracWiki for help on using the wiki.