Насоки за стартување на апликацијата и потребниот софтвер
Предусловен софтвер
- Python 3.10 - https://www.python.org/downloads/
- pipenv - Ќе ви треба инсталиран pipenv за да управувате со виртуелната средина и зависностите на проектот. Можете да го инсталирате користејќи pip, менаџер на пакети на Python, со следнава команда:
pip install pipenv
Насоки за стартување
- Отворете го терминалот или командната линија. Користете ја командата
cd
за да отидете до директориумот каде што сте ги зачувале проектните датотеки.
- Извршете ја следнава команда за да ја иницијализирате виртуелната средина и да инсталирате зависности на проектот:
pipenv install
- Откако ќе се креира виртуелната средина, активирајте ја користејќи ја следнава команда:
pipenv shell
- Стартувај ја апликацијата:
python manage.py runserver
- Кога апликацијата успешно ќе се стартува, ќе може се најде на адреса http://127.0.0.1:8000/
Last modified
14 months ago
Last modified on 09/15/23 07:16:49
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.