Визија
1. Вовед
Визијата на FINKI Maps е да стане основна платформа за навигација која ќе се користи на кампусите и во различни институции низ целиот регион. Целиме да создадеме универзално применлива и иновативна алатка која значително ќе ги подобри начините на ориентација и мобилност на корисниците.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Тема на проблем | Навигација низ затворени простории
|
---|
Кого засега | Сите посетители на институцијата
|
---|
Со последици како | Потешкотии за ориентација
|
---|
Успешно решение би било | Распространето користење на апликацијата со цел големите институции да бидат повеќе прегледни за нивните посетители
|
---|
2.2 Позиција на пазарот
За | Големи институции
|
---|
Кои | Сакаат да овозможат лесна навигација за посетителите
|
---|
FINKI Maps | Е веб апликација за навигирање низ институции
|
---|
Кој овозможува | Лесно пребарување и навигирање до простории
|
---|
За разлика од | Физички знаци и ознаки
|
---|
Нашиот продукт | Промовира лесен и централизиран преглед на простории како и навигација до истите
|
---|
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Корисник | Корисник со или без корисничка сметка кој што ја посетува апликацијата | Пристап до општи функционалности во рамки на апкликацијата
|
Развивач на апликацијата | Одржувач на апликацијата | Често одржување на апликацијата, пронаоѓање на потенцијални грешки во системот како и доделување на пермисии за администратори
|
Администратор | Одржувач на мапа | Пристап до сите функционалности за креирање, ажурирање и одржување на мапата
|
3.2 Корисничка околина
Апликацијата има едноставен интерфејс и е достапна на секој уред со интернет конекција и веб прелистувач, вклучително мобилни телефони, таблети и компјутери. Апликацијата е составена од 2 главни страници, првата е самата мапа, а втората е администраторската страница која се користи за креирање и ажурирање на мапата.
4. Преглед на производот
4.1 Барања
Корисник
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Пребарување на простории | Висок | Пребарување на простории според име
|
Филтрирање на простории | Висок | Филтрирање на простории според одредени критериуми
|
Преглед на простории | Висок | Добива приказ и информации за просторијата
|
2D навигација | Висок | Навигација од и до дадена просторија
|
3D навигација | Низок | Просторна ориентација при навигација во 3Д
|
Кориснички профил | Среден | Чување на лично избрани податоци
|
Нотификации | Низок | Нотификација за настани во дадена просторија
|
Листа на омилени простории | Низок | Чување на често посетуваните простории
|
Администратор
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Кориснички профил | Висок | Персонализиран профил кој нуди администраторски привилегии
|
Администраторска страница | Висок | Интерфејс за креирање и ажурирање на мапата
|
Алатки за цртање на мапа | Висок | Алатки за креирање на разни простории во различни димензии
|
Ажурирање на простории | Висок | Ажурирање на информациите за веќе креирани простории и додавање на нови
|
5. Други барања
Барање | Приоритет
|
---|
Интернет конекција | Висок
|
Веб прелистувач | Висок
|
Електронски уред за пристап до апликацијата | Висок
|