wiki:Vision

Version 18 (modified by 225144, 3 weeks ago) ( diff )

--

Визија

1. Вовед

Визијата на FINKI Maps е да стане основна платформа за навигација која ќе се користи на кампусите и во различни институции низ целиот регион. Целиме да создадеме универзално применлива и иновативна алатка која значително ќе ги подобри начините на ориентација и мобилност на корисниците.

2. Позиционирање

2.1 Дефиниција на проблем

Тема на проблем Навигација низ затворени простории
Кого засега Сите посетители на институцијата
Со последици како Потешкотии за ориентација
Успешно решение би било Распространето користење на апликацијата со цел големите институции да бидат повеќе прегледни за нивните посетители

2.2 Позиција на пазарот

За Големи институции
Кои Сакаат да овозможат лесна навигација за посетителите
FINKI Maps Е веб апликација за навигирање низ институции
Кој овозможува Лесно пребарување и навигирање до простории
За разлика од Физички знаци и ознаки
Нашиот продукт Промовира лесен и централизиран преглед на простории како и навигација до истите

3. Опис на засегнатите лица

3.1 Преглед

Име Опис Одговорности
Корисник Корисник со или без корисничлка сметка кој што ја посетува апликацијата Пристап до општи функционалности во рамки на апкликацијата
Развивач на апликацијата Одржувач на апликацијата Често одржување на апликацијата, пронаоѓање на потенцијални грешки во системот како и доделување на пермисии за администратори
Администратор Одржувач на мапа Пристап до сите функционалности за креирање, ажурирање и одржување на мапата

3.2 Корисничка околина

Апликацијата има едноставен интерфејс и е достапна на секој уред со интернет конекција и веб прелистувач, вклучително мобилни телефони, таблети и компјутери. Апликацијата е составена од 2 главни страници, првата е самата мапа, а втората е администраторската страница која се користи за креирање и ажурирање на мапата.

4. Преглед на производот

4.1 Барања

Корисник

Потреба Приоритет Карактеристики
Пребарување на простории Висок Пребарување на простории според име
Филтрирање на простории Висок Филтрирање на простории според одредени критериуми
Преглед на простории Висок Добива приказ и информации за просторијата
2D навигација Висок Навигација од и до дадена просторија
3D навигација Низок Просторна ориентација при навигација во 3Д
Кориснички профил Среден Чување на лично избрани податоци
Нотификации Низок Нотификација за настани во дадена просторија
Листа на омилени простории Низок Чување на често посетуваните простории

Администратор

Потреба Приоритет Карактеристики
Кориснички профил Висок Персонализиран профил кој нуди администраторски привилегии
Администраторска страница Висок Интерфејс за креирање и ажурирање на мапата
Алатки за цртање на мапа Висок Алатки за креирање на разни простории во различни димензии
Ажурирање на простории Висок Ажурирање на информациите за веќе креирани простории и додавање на нови

5. Други барања

Барање Приоритет
Интернет конекција Висок
Веб прелистувач Висок
Електронски уред за пристап до апликацијата Висок
Note: See TracWiki for help on using the wiki.