Version 1 (modified by 7 years ago) ( diff ) | ,
---|
Вовед
Овој документ има за цел да ги собере и анализира потребите на Информацискиот систем за управување со патишта. Фокусот се става на потребите на засегнатите страни и корисниците и зошто е потребен еден ваков систем.
1.1 Цел
Целта на овој документ е да даде почетни информации за ИСУП, да го дефинира опсегот на проблеми кои ќе ги решава, да ги одреди засегнатите страни и корисници и да даде дополнителни информации за тоа што се очекува од предложениот информациски систем.
1.2 Опсег
Овој документ ги опфаќа постојните проблеми со патиштата низ државата и како овој информациски систем ќе придонесе за нивно решавање. Во овој момент не постои никаков систем кој ги собира информациите за состојбите на патиштата, а во овој документ ќе се обидеме да дадеме детален опис на идеја за информациски систем кој ќе помогне да се подобри моменталната ситуација.
1.3 Дефиниции, акроними и скратеници
- Менаџери - Лица на повисока функција со моќ на донесување важни одлуки
- Вработени - Лица кои се вработени во претпријатието кое управува со патиштата и извршуваат секојдневни работи
- Механизација - Машини и возила кои се во сопственост на претпријатието
- ИС - Информациски Систем
- ИСУП - Информациски Систем за Управување со Патишта
1.4 Референци
1.5 Преглед
Во останатиот дел од овој документ за визија се анализираат постоечките проблеми, се идентификуваат засегнатите страни и корисниците на системот и се даваат предлози за делови од системот кои треба да адресираат конкретни проблеми.