wiki:Вовед

Почетна >> Визија >> Вовед

Вовед

Овој документ има за цел да ги собере и анализира потребите на Информацискиот систем за управување со патишта. Фокусот се става на потребите на засегнатите страни и корисниците и зошто е потребен еден ваков систем.

1.1 Цел

Целта на овој документ е да даде почетни информации за ИСУП, да го дефинира опсегот на проблеми кои ќе ги решава, да ги одреди засегнатите страни и корисници и да даде дополнителни информации за тоа што се очекува од предложениот информациски систем.

1.2 Опсег

Овој документ ги опфаќа постојните проблеми со патиштата низ државата и како овој информациски систем ќе придонесе за нивно решавање. Во овој момент не постои никаков систем кој ги собира информациите за состојбите на патиштата, а во овој документ ќе се обидеме да дадеме детален опис на идеја за информациски систем кој ќе помогне да се подобри моменталната ситуација.

1.3 Дефиниции, акроними и скратеници

  • Менаџери - Лица на повисока функција со моќ на донесување важни одлуки
  • Вработени - Лица кои се вработени во претпријатието кое управува со патиштата и извршуваат секојдневни работи
  • Механизација - Машини и возила кои се во сопственост на претпријатието
  • ИС - Информациски Систем
  • ИСУП - Информациски Систем за Управување со Патишта
  • Проблем на пат - Секоја состојба на патен правец која е потенцијална опасност за безбедноста на учесниците во сообраќајот (оштетен коловоз, одрони, замрзнат дел од коловоз, сообраќајни незгоди и сл.)

1.4 Референци

1.5 Преглед

Во останатиот дел од овој документ за визија се анализираат постоечките проблеми, се идентификуваат засегнатите страни и корисниците на системот и се даваат предлози за делови од системот кои треба да адресираат конкретни проблеми

Last modified 6 years ago Last modified on 04/30/18 12:35:21
Note: See TracWiki for help on using the wiki.