wiki:ДДзадача2

Почетна >> Задача 2

2. Студија на изведливост

Оваа студија на изведливост се базира на SSADM, со дополнителна анализа на временска изведливост.
Како опции за имплементација на CRM систем во фирма за управување со патишта се наметнуваат опциите на избирање на готово софтверско решение, или правење на систем за управување со односи со клиенти од нула. Градењето на нов систем секогаш чини повеќе пари и време, но крајното решение целосно соодветствува со барањата на нарачателот. Од друга страна, изборот на готово решение може да не соодветствува на сите потреби и побарувања на компанијата, но трошокот е значително помал.

2.1. Економска изведливост

Овде ќе ја разгледаме економската изведливост на предложениот систем за управување на односи со клиенти. Како што спомнав, постојат две опции, градење на софтвер од почеток, или имплементирање на готово решение. Ќе ја разгледаме ситуацијата при имплементација на две готови решенија спомнати во првата задача и градење на готов софтвер.

Нов софтверBitrix24OROCRM
Изработка и имплементација$70000$4000$10000
Лиценца (3 години)$0$7200$21240
Веб сервер $0$0$0
RDBMS$0$0$0
Одржување(годишно)$48000$0$0
Вкупно$120000$11200$31240

Изработка и имплементација

Предвидено е изработката на нов софтвер да трае околу 5 месеци, на неа да работат 7 луѓе со просечна плата од $2000 бруто. Ова вкупно изнесува $70 000 трошок.

Bitrix24, како што објаснив претходно е евтино и ефикасно решение за CRM систем кое ги задоволува сите побарувања на овој систем. За негова имплементација и прилагодување доволни се двајца, со просечна бруто плата од $2000, вкупно за имплементација би потрошиле $4000.

OROCRM е малку посложен за имплементација, така што за неговото интегрирање во системот одвојуваме околу $10000.

Лиценца

Лиценцата на новиот совтвер е вклучена во цената за изработка и имплементација, па тука немаме дополнителни трошоци.

Лиценцата на Bitrix24 чини $200 месечно, за верзијата која ги вклучува сите опции. Годишно, ова изнесува $2400, пресметано на три години (заради споредбени причини, колку што трае лиценцата на OROCRM) – $7200.

Лиценцата на OROCRM чини $21240 и истата важи три години.

Веб сервер

Сите три опции нудат свој веб сервер вклучен во цената за изработка или лиценца.

RDBMS

Сите три решенија имаат вклучена релациона база во цената.

Годишно одржување

За софтвер изработен по нарачка, цената за одржување е највисока. Овде се потребни барем двајца програмери кои учествувале во изработката на софтвер и можат да го одржуваат софтверот. Со истите просечни плати од $2000 бруто, на годишно ниво ова изнесува $48000.

Одржувањето на OROCRM е бесплатно – вклучено е во цената на тригодишната лиценца. Bitrix24 исто така нуди одржување во цената за лиценца.

ПериодНов софтверBitrix24OROCRM
3 години$214000$11200$21240
6 години$358000$18400$57480
9 години$502000$25600$78720
12 години$646000$32800$99960

За нов софтвер се пресметуваат првичните $70000 за изработка и имплементација на софтверското решение, и дополнителни $48000 на годишно ниво за двајца вработени кои го одржуваат системот.

За имплементација на решението на Bitrix24 ги пресметуваме само основните трошоци за интеграција кои изнесуваат $4000, плус $2400 за лиценца секоја година.

За имплементација на OROCRM ја пресметуваме иницијалната цена за имплементација на софтверот - $10000 и по $21240 за лиценца на секои три години.

Придобивки од имплементација на овој систем се:

  • Зголемена задоволност на патниците и возачите
  • Подобра состојба на патиштата со користење на информациите добиени од корисниците на овој систем
  • Зголемено користење на целиот систем со подобрениот маркетинг

2.2. Техничка изведливост

Овој систем како технички претпоставки го зема фактот дека корисниците на системот имаат пред се мобилни телефони и/или преносни компјутери со активна интернет конекција, што би им овозможило да контактираат со операторите кога и да забележат проблем. Со оглед на моменталната ситуација во државата, можеме да претпоставиме дека поголем дел од населението поседува такви уреди, па користењето не би требало да биде проблем.

2.3. Операциона изведливост

Операционата изведливост е базирана на два аспекти – аспект на патник/возач и аспект на оператор вработен во компанијата одговорна за состојбата на патиштата.

2.3.1. Патник/возач

Патниците и возачите, кои највеќе ќе го користат овој систем имаат потреба да пријават проблем на патот што е можно поскоро. Треба да им се обезбеди можност тоа да го сторат во движење (патник) или на првото запирање (возач). Иако до сега нема таков систем и ќе треба време луѓето да почнат да го користат, делот од CRM системот фокусиран на маркетинг ќе се погрижи се повеќе и повеќе патници да почнат да го користат системот.

2.3.2. Вработен во претпријатие

На почетокот ќе биде потребно вработените да се навикнат на користење на еден ваков систем, со оглед на тоа што претходно немало сличен систем. Не би требало да се јави никаков страв кај вработените дека системот би можел да ги замени, бидејќи се потребни вработени кои ќе управуваат со системот, кој е базиран на односи помеѓу луѓе. Самиот систем ќе ја олесни работата на вработените.

2.4. Временска извeдливост

Временската изведливост на проектот е базирана врз избраниот развоен процес (објаснет во Задача 3), кој во нашиот случај е RUP. Следува анализа на времето поделена низ фазите на RUP процесот:

I Активност: Иницијализација - Итерација бр.1

  • Времетраење: 10 дена
  • Подактивности:
    1. Изработка на визијата на системот
    2. Изработка на прелиминарните кориснички барања

II Активност: Иницијализација - Итерација бр.2

  • Времетраење: 10 дена
  • Подактивности:
    1. Детализација на визијата на системот
    2. Детализирање на корисничките барања
    3. План за фазата на елаборација

III Активност: Елаборација - Итерација бр.1

  • Времетраење: 14 дена
  • Подактивности:
    1. Прелиминарна архитектура
    2. UML дијаграми
    3. Use case модели

IV Активност: Елаборација - Итерација бр.2

  • Времетраење: 14 дена
  • Подактивности:
    1. Анализа на use cases
    2. Операциска анализа
    3. Прв архитектурен прототип

V Активност: Елаборација - Итерација бр.3

  • Времетраење: 21 ден
  • Подактивности:
    1. Детализација на UML дијаграми
    2. Конечен архитектурен прототип

VI Активност: Kонструкција - Итерација бр.1

  • Времетраење: 37 дена
  • Подактивности:
    1. Дизајн и имплементација на корисничките барања
    2. Интеграција на корисничките барања
    3. Креирање прв прототип

VII Активност: Kонструкција - Итерација бр.2

  • Времетраење: 37 дена
  • Подактивности:
    1. Тестирање на корисничките барања и поправање грешки
    2. Креирање финален прототип
    3. Изработка на корисничка документација
    4. План за фазата на транзиција

VIII Активност: Транзиција - Итерација бр.1

  • Времетраење: 18 ден
  • Подактивности:
    1. Транзиција на системот во околината на компанијата
    2. Обука на вработените


Вкупно траење: 161 ден.

Last modified 6 years ago Last modified on 09/25/18 10:51:30
Note: See TracWiki for help on using the wiki.