wiki:ДДзадача4

Почетна >> Задача 4

Користење на техники при изработка на ИС

RUP процесот за развој на информациски системи дефинира користење на UML јазикот како техника која треба да се користи во процесот. Особено се користат use case дијаграмите, кои се разработуваат до детали. Исто така се користат и дизајн модели и имплементациски модели.

Use case дијаграми (5)

Use case сценаријата може да бидат претставени на неколку начини: наративен, во форма на сценарио, на разговор и како дијаграм. RUP се фокусира на користење на дијаграмите на кориснички сценарија.

Овие дијаграми ја опишуваат функционалноста од специфична гледна точка. Use case дијаграмите го опишуваат системот од гледна точка на оние што (ќе) го користат. Тие се неодвоив дел од RUP процесот, со нив се дефинираат првичните кориснички сценарија, кои потоа се разработуваат во детали и на крај се имплементираат. Дијаграмите на кориснички сценарија недвосмислено го прикажуваат однесувањето на системот во одредени сценарија, значајни за клиентот.

Во овој проект, како и во секој друг, дијаграмите на кориснички сценарија ќе ни помогнат да ги извадиме точните барања на корисникот и да ги претставиме истите за подобро сфаќање. Пишувањето на сценаријата во текстуална форма може да биде двосмислено и збунувачки, но со дијаграмите јасно се покажува што се случува во секоја дадена ситуација.

Претставување на дел од корисничите сценарија преку use-case дијаграм:

Дизајн модели

Со овие модели ја прикажуваме класната архитектура на системот. Овде се опишуваат класи, наместо сценарија и служи за подетално објаснување на системот во техничка смисла. Се користи во процесот на анализа и дизајн, во фазата на итерација и претставува добра техника за визуелизација на концептот на првичната архитектура.

Модели на имплементација

Моделите на имплементација јасно покажуваат како ќе биде имплементиран системот во детали. Овде се гледа од кои компоненти ќе се содржи системот, како тие се поврзани и како комуницираат меѓу себе. Се користат во фазата на конструкција и транзиција.

Last modified 6 years ago Last modified on 10/07/18 18:29:10

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.