wiki:Карактеристики

Почетна >> Визија >> Карактеристики на производот

Карактеристики на производот

5.1 Следење на состојбата на патиштата

Можност за возачите да пријавуваат проблеми на патиштата - оштетен коловоз, временски непогоди, сообраќајни незгоди и слично, по што менаџерите веднаш би биле известени и би биле во состојба да реагираат.

5.2 Следење на текот на сообраќајот

Можност за менаџерите да гледаат како се одвива сообраќајот на патиштата ширум државата, каде има најголема фреквентност, какви возила најчесто се движат на одредени патни правци, кои возила најчесто предизвикуваат застој и слично.

5.3 Сумарни извештаи

Генерирање на детални извештаи со можност за визуелна презентација, овозможувајќи полесно одредување на некои трендови и преземање соодветни акции врз основа на дадени извештаи.

5.4 Преглед на временски услови и прогноза

Преглед на временска прогноза на одредени патни правци со цел да се распоредат доволно ресурси за навремена реакција и спречување на застој и сообраќајни незгоди.

5.5 Автоматизација на плаќањето на патарини

Избегнување на метежи на патарините со воведување на систем за автоматско плаќање на патарини, со што се намалува и потребата за дополнителни човечки ресурси на истите, како и можноста за човечка грешка.

Last modified 6 years ago Last modified on 03/26/18 18:10:14
Note: See TracWiki for help on using the wiki.