wiki:МДзадача2

Почетна >> Задача 2

Задача 2 - Студија на изводливост

Оваа студија на изведливост се базира на SSADM, со дополнителна анализа на временска изведливост. За интегрирање на систем за управување со човечки ресурси во ИСУП постои можност системот да се развива од почеток или да се употреби некој од веќе постоечките наведени во Задача 1. Бидејќи главните функции на менаџментот на човечки ресурси скоро и да не се разликуваат помеѓу различни компании, готовите решенија се во секој случај подобра варијанта кога е во прашање колку би коштала имплементацијата на ваков систем.

2.1. Економска изведливост

При анализирањето на економската изводливост ги разгледуваме двете можности - развивање на нов софтвер и употреба и прилагодување на веќе постоечки систем и интегрирање со други системи.

Пресметките во следната табела се однесувааат на првата година - 6 месеци предвидени за развој на системот по нарачка и дополнителни 6 месеци употреба на системот по неговото развивање.

Нов софтверADP Workforce Now
Изработка и имплементација$77000$2000
Претплата (годишно)$0$1008
Прилагодување$0$10000
Веб сервер$0$0
RDBMS$0$0
Одржување$18000$0
Вкупно$95000$13000

Опис на табелата

Изработка и имплементација

Изработката на нов софтвер предвидено е да трае 6 месеци. На овој проект ќе работи тим од 7 луѓе со просечна бруто плата од $1800. Дополнително, во фаза на елаборација, еден месец е вклучен човек стручен во областа на HR кој соработува со тимот и добива бруто плата од $1400. Вкупниот трошок изнесува $77000.

За имплементација на готовиот софтвер ADP Workforce Now и поврзување со останатите модули на целосниот систем, како и полнење на системот со податоци со што би можела да започне употребата на истиот, предвидени се $2000.

Годишна претплата

ADP Workforce Now е Software-As-A-Service и како што е својствено за софтверите од ваков тип така и за овој, ценовниот модел е претплата. Претплатата е на месечно ниво и се пресметува според типот на компанијата (мала, средна, голема) и бројот на вработени. Почетната, основна цена е $62 по месец, а во нашиот случај и за нашите потреби изнесува $84. На годишно ниво тоа изнесува $1008.

Прилагодување

Продавачот на ADP Workforce Now наплаќа за специфични прилагодувања на софтверот и тоа кошта во зависност од бараните карактеристики и функционалности. За стандардни прилагодувања и интеграција со други системи, понудената цена е $10000 и се плаќа еднократно.

Веб сервер и бази на податоци

И двете решенија нудат свој веб сервер и свои бази на податоци. Цената е вклучена во изработка или претплата.

Годишно одржување

Одржувањето потребно за системот изработен по нарачка кошта $18000 пресметани само за втората половина од годината (6-те месеци по развивањето на системот), распределени за двајца вработени со месечна бруто плата која изнесува $1500.

Трошоци во наредните години

ПериодНов софтверADP Workforce Now
1 година$95000$13000
3 години$95000 + $36000 = $131000$15000
6 години$131000 + $27000 = $158000$18000
9 години$158000 + $27000 = $185000$21000

Опис на табелата

Првиот ред на табелата е вкупниот трошок пресметан за првата година (од првата табела) врз основа на кој се пресметани трошоците за наредните години.

Трошоците за одржување на новиот софтвер се намалуваат во текот на годините. После првата година, во наредните 2 години би биле потребни 2ца одговорни за одржување на пола работно време со месечна бруто плата од $750 или $36000 вкупно за 2 години (втор ред од табелата). После првите 3 години, за одржувањето е одговорен еден човек на пола работно време со месечна бруто плата од $750 или $27000 за 3 години(трет и четврт ред од табелата).

За ADP Workforce Now се пресметува само претплатата од $1000 на годишно ниво под претпоставка дека цената и услугата остануваат постојано исти. За дополнителни прилагодувања или промени на готовиот софтвер во текот на годините се претпоставува дека трошоците би биле минимални и нема да предизвикаат поголеми промени во предвидените суми.

2.2. Техничка изводливост

За изводливост на овој систем потребни се добри инженери што претходно работеле на некаков сличен софтвер, а факт е дека во Македонија постојат голем број такви. Достапни се и потребните компоненти кои се неопходни за функционалност на системот како веб сервери, бази на податоци и сл. (Apache, PostgreSQL/MySQL). Се претпоставува и дека корисниците поседуваат мобилни уреди и се поврзани на интернет со што би можеле да ги следат своите таскови. Според ова, сметаме дека технички е изводливо развивањето на ваков софтвер.

2.3. Операциона изводливост

Се претпоставува дека во досегашното управување со човечки ресурси секој модул се извршувал на различен систем или рачно (складирање на податоци за вработените на еден систем, пресметка на плати и надоместоци на друг, распределба на работна сила на трет итн.). Со новиот софтвер се овозможува сето ова да функционира заедно, на едно место, со што одговорните ќе бидат многу поточни во нивната работа која ќе биде и многу поолеснета.

2.4. Временска извeдливост

Временската изводливост е базирана на RUP развојниот процес на ИС за кој сметам дека во овој случај е соодветен за реализација.

I Активност: Иницијализација - Итерација бр.1

  • Времетраење: 2 недели
  • Подактивности:
    1. Опис на кориснички барања

II Активност: Иницијализација - Итерација бр.2

  • Времетраење: 2 недели
  • Подактивности:
    1. Изработка на визијата на системот
    2. Дефинирање на потребните компоненти (модули) и нивните функционалности
    3. Дефинирање на целите и ограничувањата на системот

III Активност: Елаборација - Итерација бр.1

  • Времетраење: 2 недели
  • Подактивности:
    1. UML дијаграми
    2. Use case модели

IV Активност: Елаборација - Итерација бр.2

  • Времетраење: 2 недели
  • Подактивности:
    1. Анализа на use cases
    2. Дизајн на архитектура

V Активност: Елаборација - Итерација бр.3

  • Времетраење: 3 недели
  • Подактивности:
    1. Конечен use case модел
    2. Конечен архитектурен прототип

VI Активност: Kонструкција - Итерација бр.1

  • Времетраење: 6 недели
  • Подактивности:
    1. Дизајн и имплементација на корисничките барања
    2. Интеграција на корисничките барања
    3. Креирање прв прототип

VII Активност: Kонструкција - Итерација бр.2

  • Времетраење: 6 недели
  • Подактивности:
    1. Тестирање на корисничките барања и поправање грешки
    2. Креирање финален прототип
    3. Изработка на корисничка документација
    4. План за фазата на транзиција

VIII Активност: Транзиција - Итерација бр.1

  • Времетраење: 3 недели
  • Подактивности:
    1. Транзиција на системот во околината на компанијата
    2. Обука на вработените

Вкупно траење: 26 недели ~ 6 месеци

Last modified 6 years ago Last modified on 03/06/19 00:10:33
Note: See TracWiki for help on using the wiki.