wiki:МДзадача2

Version 2 (modified by Mihail, 5 years ago) ( diff )

--

Почетна >> Задача 2

Задача 2 - Студија на изводливост

Оваа студија на изведливост се базира на SSADM, со дополнителна анализа на временска изведливост. За интегрирање на систем за управување со човечки ресурси во ИСУП постои можност системот да се развива од почеток или да се употреби некој од веќе постоечките наведени во Задача 1. Бидејќи главните функции на менаџментот на човечки ресурси скоро и да не се разликуваат помеѓу различни компании, готовите решенија се во секој случај подобра варијанта кога е во прашање колку би коштала имплементацијата на ваков систем.

2.1. Економска изведливост

При анализирањето на економската изводливост ги разгледуваме двете можности - развивање на нов софтвер и употреба и прилагодување на веќе постоечки систем и интегрирање со други системи.

Нов софтверADP Workforce Now
Изработка и имплементација$54000$0
Претплата (годишно)$0$960
Прилагодување$0$10000
Веб сервер $0$0
RDBMS$0$0
Одржување(годишно)$36000$0
Вкупно$90000$10960

Изработка и имплементација

Изработката на нов софтвер предвидено е да трае 6 месеци. На овој проект ќе работат 5 луѓе со просечна бруто плата од $1800. Вкупниот трошок изнесува $54000.

Годишна претплата

ADP Workforce Now е Software-As-A-Service и како што е својствено за софтверите од ваков тип така и за овој, ценовниот модел е претплата. Претплатата е на месечно ниво и се пресметува според типот на компанијата (мала, средна, голема) и бројот на вработени. Почетната, основна цена е $62 по месец, а во нашиот случај и за нашите потреби изнесува $80. На годишно ниво тоа изнесува $960.

Прилагодување

Продавачот на ADP Workforce Now наплаќа за специфични прилагодувања на софтверот и тоа кошта во зависност од бараните карактеристики и функционалности. За стандардни прилагодувања и интеграција со други системи, понудената цена е $10000 и се плаќа еднократно.

Веб сервер и бази на податоци

И двете решенија нудат свој веб сервер и свои бази на податоци. Цената е вклучена во изработка или претплата.

Годишно одржување

Годишно одржување е потребно само за системот изработен по нарачка и тоа кошта $36000 на годишно ниво, распределени за двајца вработени со месечна бруто плата која изнесува $1500.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.