Changes between Initial Version and Version 1 of МДзадача3


Ignore:
Timestamp:
02/28/19 01:07:04 (5 years ago)
Author:
Mihail
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • МДзадача3

    v1 v1  
     1[wiki:WikiStart Почетна] >> [wiki:МДзадача3 Задача 3]
     2
     3
     4== Задача 3 - Избор на процес за развој на информацискиот систем
     5
     6Како најсоодветен развоен процес за развивање на системот за управување со човечки ресурси го избрав RUP процесот, бидејќи сметам дека за еден ваков систем кој содржи повеќе модули што треба заедно да функционираат, најпрво треба добро да се анализираат модулите, точно да се определи функционалноста на секој од нив, да се определи нивната кохезија, па потоа да се работи на use-cases итн. Во продолжение е претставена примената на RUP во проектот според временската иводливост од [wiki:МДзадача2 Задача 2].
     7
     8
     9**1. Иницијализација**
     10
     11**1.1. Итерација бр.1**
     12
     13Се определуваат барањата за главните функционалности на системот: распределба на работници за решавање на проблеми, водење евиденција за време и присуство на работно место, управување со плати и надоместоци и единствена база на податоци за складирање на податоците за вработените. Според овие барања понатаму се оди во повеќе детали за како сето тоа ќе се изведи и како би требало да изгледа.
     14
     15**1.2. Итерација бр.2**
     16
     17Според барањата за главните функционалности се формулираат модулите на системот, односно се определува кој модул - која функционалност ќе ја има и како ќе биде поврзан со останатите модули. Со ова се креира основната визија за системот која во детали опишува како ќе работи истиот, кои се целите, кои се ограничувањата и сл. Конечната визија заедно со планот за елаборација кој се подготвува на крајот од оваа итерација, продолжуваат во наредната фаза.
     18
     19**2. Елаборација**
     20
     21**2.1. Итерација бр.1**
     22
     23Во оваа итерација се дефинира use case моделот и главните сценарија потребни за реализација на системот. Се користат некои од техниките за изработка на информациски системи.
     24
     25**2.2. Итерација бр.2**
     26
     27Добро се анализираат use case-овите и се работи на дизајн на прелиминарна архитектура - како овој модул за управување со човечки ресурси ќе се интегрира во целосниот систем ИСУП.
     28
     29**2.3. Итерација бр.3**
     30
     31Достава на конечен use case модел и прототип на архитектурата.
     32
     33
     34**3. Конструкција**
     35
     36**3.1. Итерација бр.1**
     37
     38Започнува со градење на функционалните компоненти (модули) и нивно соодветно поврзување. Се поврзуваат базите на податоци, веб серверите и се изработува корисничкиот интерфејс. Потоа започнува интегрирање на корисничките случаи на употреба. Откако ќе се добие првичен прототип на самиот HR систем, се работи на поврзување со целокупниот информациски систем со што се добива една првична целина која може да се презентира на нарачателот.
     39
     40**3.2. Итерација бр.2**
     41
     42Корекција на некакви пропусти и недостатоци после презентацијата. Следува тестирање на секоја компонента одделно и заедно со останатите. По поминување низ различни тестирања на целокупниот систем вклучувајќи и тестирања на use case-ови, се добива финална верзија на софтверот. Се подготвува и документација за користење на истиот, а потоа и план за транзиција.
     43
     44
     45**4. Транзиција**
     46
     47** 4.1 Итерација бр.1**
     48
     49Во оваа фаза се инсталира системот во околината во која се користи. Се објаснува на оние кои што ќе го користат и се охрабруваат да го користат системот. Ова се прави преку континуирана обука. Откако корисниците ќе го прифатат системот, фазата на транзиција се смета за завршена.