wiki:МДзадача3

Почетна >> Задача 3

Задача 3 - Избор на процес за развој на информацискиот систем

Како најсоодветен развоен процес за развивање на системот за управување со човечки ресурси го избрав RUP процесот, бидејќи сметам дека за еден ваков систем кој содржи повеќе модули што треба заедно да функционираат, најпрво треба добро да се анализираат модулите, точно да се определи функционалноста на секој од нив, да се определи нивната кохезија, па потоа да се работи на use-cases итн. Во продолжение е претставена примената на RUP во проектот според временската иводливост од Задача 2.

1. Иницијализација

1.1. Итерација бр.1

Се определуваат барањата за главните функционалности на системот: распределба на работници за решавање на проблеми, водење евиденција за време и присуство на работно место, управување со плати и надоместоци и единствена база на податоци за складирање на податоците за вработените. Според овие барања понатаму се оди во повеќе детали за како сето тоа ќе се изведи и како би требало да изгледа.

1.2. Итерација бр.2

Според барањата за главните функционалности се формулираат модулите на системот, односно се определува кој модул - која функционалност ќе ја има и како ќе биде поврзан со останатите модули. Со ова се креира основната визија за системот која во детали опишува како ќе работи истиот, кои се целите, кои се ограничувањата и сл. Конечната визија заедно со планот за елаборација кој се подготвува на крајот од оваа итерација, продолжуваат во наредната фаза.

2. Елаборација

2.1. Итерација бр.1

Во оваа итерација се дефинира use case моделот и главните сценарија потребни за реализација на системот. Се користат некои од техниките за изработка на информациски системи.

2.2. Итерација бр.2

Добро се анализираат use case-овите и се работи на дизајн на прелиминарна архитектура - како овој модул за управување со човечки ресурси ќе се интегрира во целосниот систем ИСУП.

2.3. Итерација бр.3

Достава на конечен use case модел и прототип на архитектурата.

3. Конструкција

3.1. Итерација бр.1

Започнува со градење на функционалните компоненти (модули) и нивно соодветно поврзување. Се поврзуваат базите на податоци, веб серверите и се изработува корисничкиот интерфејс. Потоа започнува интегрирање на корисничките случаи на употреба. Во оваа итерација паралелно се работи на сите use-cases и до крајот на итерацијата интегрирани се сите. Откако ќе се добие првичен прототип на самиот HR систем, се работи на поврзување со целокупниот информациски систем со што се добива една првична целина која може да се презентира на нарачателот.

3.2. Итерација бр.2

Корекција на некакви пропусти и недостатоци после презентацијата. Следува тестирање на секоја компонента одделно и заедно со останатите. По поминување низ различни тестирања на целокупниот систем вклучувајќи и тестирања на use case-ови, се добива финална верзија на софтверот. Се подготвува и документација за користење на истиот, а потоа и план за транзиција.

4. Транзиција

4.1 Итерација бр.1

Во оваа фаза се инсталира системот во околината во која се користи. Се објаснува на оние кои што ќе го користат и се охрабруваат да го користат системот. Ова се прави преку континуирана обука. Откако корисниците ќе го прифатат системот, фазата на транзиција се смета за завршена.

Last modified 6 years ago Last modified on 03/05/19 22:14:09
Note: See TracWiki for help on using the wiki.