| 1 | [wiki:WikiStart Почетна] >> [wiki:МДзадача4 Задача 4] |
| 2 | |
| 3 | |
| 4 | == Задача 4 - Техники во рамките на процесот |
| 5 | |
| 6 | Развојниот процес RUP кој го избрав за развој на HR системот е базиран на UML што претставува нотациски јазик за специфицирање и визуелизација на артефактите на софтверските системи. За визуелната репрезентација, UML користи дијаграми од кои за RUP е најзначаен use case дијаграмот, па според тоа, RUP покрај тоа што е итеративен/инкрементален приод, важи за use-case-driven. Фундаменталните барања за системите се изразуваат преку use case-ови кои можат да бидат опишани со текст или со дијаграм со кој често се добива појасна слика за тоа што точно е наведено во барањето. |
| 7 | |
| 8 | **Use case:** |
| 9 | |
| 10 | - развој на систем базиран на тоа како истиот ќе се користи |
| 11 | - единствена интеракција помеѓу корисникот и системот што има практично значење |
| 12 | - врска што ги поврзува барањата до имплементацијата |
| 13 | - почеток на моделирањето |
| 14 | - константен потсетник на развивачите на софтверот дека важни се само барањата на корисниците |
| 15 | |
| 16 | |
| 17 | За успешна реализација на процесот, сметам дека е важен и **итеративниот и инкрементален** пристап. Некои предности на овој пристап се: |
| 18 | |
| 19 | - проблемот станува поразбирлив и појасен после неколку последователни итерации |
| 20 | - се задоволуваат променливите барања |
| 21 | - ризиците најчесто се откриваат за време на раните интеграции |
| 22 | - може да се пронајдат и да се исправат некои грешки после неколку итерации |
| 23 | - реупотребата е олеснета |
| 24 | - членовите на тимот учат за време на процесот |
| 25 | - самиот развоен процес се подобрува |
| 26 | |
| 27 | |