wiki:МДзадача4

Почетна >> Задача 4

Задача 4 - Техники во рамките на процесот

Развојниот процес RUP кој го избрав за развој на HR системот е базиран на UML што претставува нотациски јазик за специфицирање и визуелизација на артефактите на софтверските системи. За визуелната репрезентација, UML користи дијаграми од кои за RUP е најзначаен use case дијаграмот, па според тоа, RUP покрај тоа што е итеративен/инкрементален приод, важи за use-case-driven. Фундаменталните барања за системите се изразуваат преку use case-ови кои можат да бидат опишани со текст или со дијаграм со кој често се добива појасна слика за тоа што точно е наведено во барањето.

Use case:

  • развој на систем базиран на тоа како истиот ќе се користи
  • единствена интеракција помеѓу корисникот и системот што има практично значење
  • врска што ги поврзува барањата до имплементацијата
  • почеток на моделирањето
  • константен потсетник на развивачите на софтверот дека важни се само барањата на корисниците

За успешна реализација на процесот, сметам дека е важен и итеративниот и инкрементален пристап. Некои предности на овој пристап се:

  • проблемот станува поразбирлив и појасен после неколку последователни итерации
  • се задоволуваат променливите барања
  • ризиците најчесто се откриваат за време на раните интеграции
  • може да се пронајдат и да се исправат некои грешки после неколку итерации
  • реупотребата е олеснета
  • членовите на тимот учат за време на процесот
  • самиот развоен процес се подобрува
Last modified 6 years ago Last modified on 02/28/19 04:33:04
Note: See TracWiki for help on using the wiki.