wiki:ОписНаПроизводот

Почетна >> Визија >> Опис

Опис на производот

4.1 Перспектива на производот

Овој систем кој иако може да функционира независно, има отворени интерфејси кон неколку други системи: Прибирање на податоци за временските услови на патиштата од соодветен систем кој ја нуди дадената услуга, како и интерфејс кон владини системи преку кои може да пријави непочитување на законските регулативи преку следење на сообраќајот на одредени патни правци.

4.2 Резиме на способности

Придобивка за корисникот Поддржувачки функции
Поголемо задоволство кај клиентите Со прибирањето и обработката на информациите за патиштата, патиштата ќе бидат во подобра состојба, со што ќе се зголеми задоволството на корисниците на истите - возачите
Подобро управување со човечки ресурси Се намалуваат непотребните расходи за плати на вработени кои вршат работи кои лесно можат да бидат автоматизирани. Со автоматско плаќање на патарини може да се прераспоредат вработените на соодветни позиции.
Менаџерите имаат подобар увид во состојбите на патиштата Со подсистемот за пријавување на проблеми на патиштата, менаџерите можат подобро да ги распоредат вработените на вистинско место и да го решат проблемот.
Подобрено справување со временски непогоди Со подсистемот за јавување на можни временски непогоди, менаџерите можат навремено да планираат и да распоредат работна сила и механизација на патните правци
Можност за анализа на сообраќајот Со системот за набљудување на патните правци, извршниот менаџмент ќе може да размислува за тоа каде, кога и како се јавуваат најголеми метежи, да ги утврдат причините и да донесат добра одлука за тоа како можат да се решат тие проблеми.

Претпоставки и зависности

За овој систем да функционира ќе биде потребно да се постават сензорски системи на патиштата ширум земјата, кои ќе ги даваат потребните информации. Без постоењето на сензорска мрежа, системот не може да функционира и истиот мора да се модифицира.

Соработка од страна на вработените и менаџерите е задолжителна, без воља за промена, овој систен ме би можел да биде имплементиран.

Потребно е исто така да се изврши и обука на вработените како би се запознале со системот и начинот на работа.

Одобрение од властите за промена на начинот на работа на патарините.

Цена

Потреба од сензори кои би ја изградиле сензорската мрежа и би испраќале сигнали. Просечна цена на сензор за следење на патишта - $15.

Лиценци и инсталација

Ќе биде потребна инсталација на системот на сите патарини ширум државата, како и поставување на претходно споменатите сензори на правилни локации со цел да даваат вредни информации.

Last modified 6 years ago Last modified on 03/26/18 17:56:41
Note: See TracWiki for help on using the wiki.