wiki:Позиционирање

Почетна >> Визија >> Позиционирање

Позиционирање

2.1 Бизнис можности

Не постои информациски систем кој ги адресира проблемите на патиштата низ нашата земја. Со креирање на еден таков информациски систем ќе се решат голем број на проблеми:

  • Лоши состојби на патиштата
  • Лоша патна инфраструктура
  • Големи метежи на патиштата ширум земјата
  • Неажурност на службата за чистење на патиштата при временски непогоди
  • Неправилно распоредување на работната сила

2.2 Опис на проблемот

Проблемот со лошите состојби на патиштата кои го отежнуваат патувањето од едно место до друго и ја загрозуваат безбедноста
ги засега сите учесници во сообраќајот
се одразува преку метежи на сообраќајните правци и зголемен број на сообраќајни несреќи
успешно решение би овозможило собирање и користење на информации за состојбите на патиштата што би го олеснило одржувањето на истите

Проблемот со лошата патна инфраструктура
ги засега сите учесници во сообраќајот
се одразува преку непотребно губење на време и средства за да се стигне од едно место до друго
успешно решение би ги анализирало достапните податоци и врз основа на истите би донело правилни одлуки за тоа каде би имало потреба од нов патен правец и дали изведувањето на истиот би било финансиски оправдано

2.3 Позиција на продуктот

За менаџерите во претпријатието одговорно за одржување на патиштата
кои имаат потешкотии да ги идентификуваат проблемите на патните правци и навремено да реагираат, поради недостаток на информации
ИСУП е информациски систем
кој собира информации за состојбите на патиштата низ државата, ги анализира и презентира
за разлика од моменталната состојба во која менаџерите немаат никакви информации за тоа во какви состојби се патиштата
нашиот производ ќе ги обезбеди овие информации и ќе даде увид во тоа каде треба да се реагира, кога и на кој начин
Last modified 6 years ago Last modified on 04/30/18 12:42:06
Note: See TracWiki for help on using the wiki.