wiki:WikiStart

IT Product Aggregator

Предмет: Бази на податоци - 2022/2023/Зимски

Под менторство на проф. д-р Вангел Ајановски и дем. м-р Ненад Анчев

Ноември 2022

Краток опис на проектот

Веб апликација која би претставувала агрегатор на продукти од најголемите ланци за продажба на IT опрема во државата. Целта на апликацијата е да овозможи преглед на цена на продукти достапни во ланците за продажба, без притоа да се пребаруваат веб сајтовите на секоја од овие компании поединечно. Дополнително, ќе се прикажуваат и соодветни спецификации за различните видови на продукти.

Корисникот би имал опција за регистрација и најава на системот. Регистрираните корисници би можеле да дадат коментар или оцена за продуктите. Секој корисник би имал можност за избирање на категорија на продукти и пребарување на производи од истата, со можност за прегледување на достапноста по продавниците како и цената во различните продавници низ државата. Избран производ корисникот би можел да го сочува во листа на омилени или во листа на продукти за кои сака да следи промена на цена.

Главната цел на оваа апликација е да го направи процесот на купување на продукти од IT полето побрз и поефикасен.

Членови на тимот

  • Стефан Тодоровски 201085 - координатор
  • Катерина Смилевска 201070

Фази на имплементација

Фаза Име на фаза Статус
0 Дефинирање на проектот Одобрено
1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Одобрено
2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Одобрено
3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Одобрено
4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Одобрено
5 Прототип апликација - Основни функционалности Не е започната
6 Нормализација и подобрувања на дизајнот Не е започната
7 Напреден апликативен развој Не е започната
Last modified 19 months ago Last modified on 01/04/23 00:02:17

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.