IT Product Aggregator
Членови на тимот
- Стефан Тодоровски 201085 - координатор
- Катерина Смилевска 201070
Краток опис на проектот
Веб апликација која би претставувала агрегатор на продукти од најголемите ланци за продажба на IT опрема во државата. Целта на апликацијата е да овозможи преглед на цена на продукти достапни во ланците за продажба, без притоа да се пребаруваат веб сајтовите на секоја од овие компании поединечно. Дополнително, ќе се прикажуваат и соодветни спецификации за различните видови на продукти.
Корисникот би имал опција за регистрација и најава на системот. Регистрираните корисници би можеле да дадат коментар или оцена за продуктите. Секој корисник би имал можност за избирање на категорија на продукти и пребарување на производи од истата, со можност за прегледување на достапноста по продавниците како и цената во различните продавници низ државата. Избран производ корисникот би можел да го сочува во листа на омилени или во листа на продукти за кои сака да следи промена на цена.
Главната цел на оваа апликација е да го направи процесот на купување на продукти од IT полето побрз и поефикасен.
Детален опис на проектот
За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Базата на податоци за оваа апликација ќе ја поседува поединец (администратор на база), кој ќе биде одговорен задржување на интегритетот и конзистентноста на податоците и управување со пристапот до базата. За целата координација и менаџмент со инфраструктурата на самата апликација се грижи ИТ администраторот кој има привилегии за хостирање на веб сајтот, преглед на логовите и инсталација на ОС, веб сервер и слично.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Главен проблем при пребарување на продукти од различни продавници од било која област е непотребното отворање на различните сајтови на продавниците и пребарување на различни продукти низ секој сајт кое брзо станува неорганизирано и тешко за интерпретација. Преку користењето на нашата апликација, корисниците би заштедиле значително време со тоа што би немало потреба да се пребаруваат веб сајтовите на сите компании за IT опрема поединечно. Нашиот агрегатор на продукти ќе ги прикажува сите производи од различните ИТ продавници организирани по категории на една страна.
Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Апликацијата ќе ги има следните типови на корисници: системски администратор и корисник. Корисникот може да се регистрира на апликацијата. Регистрираниот корисник би имал можност за зачувување на одредени продукти со цел полесен преглед на спецификациите за истиот во иднина. Со овие спецификации и продукти менаџира администраторот кој има за задача да ги ажурира производите и категориите, да додава, брише или изменува производи.
Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
Имајќи го предвид нашето истражување, дојдовме до заклучок дека постои една слична апликација, но слична само по прикажувањето на мобилни телефони. Апликацијата не нуди приказ на останати продукти од IT секторот. Оваа апликација е предвидено да се користи само во рамките на државата.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Се работи за веб апликација.