Насоки за потребен софтвер и стартување на апликацијата
Чекор 1: Пред да ја стартувате апликацијата треба да се осигурате дека имате инсталирано Java version 11.
Чекор 2: За да можете да го отворите проектот, потребно е да имате симнато соодветна околина. Пример за околина е Intellij IDEA која што со самото отворање на проектот овозможува инсталирање на сите потребни зависности како Spring Boot, PostgreSQL, Spring Boot Starter Web, Spring Boot Data JPA, Spring Security, Lombok и Spring Boot Starter Thymeleaf. Исто така околината нуди и инсталирање на bootstrap зависности за успешно прикажување на дизајнот на апликацијата.
Чекор 3: Следно треба да ја стартувате тунел скриптата со која се отвора тунел конекција со серверот за поврзување со базата на податоци.
Чекор 4: Доколку сите претходни чекори ги извршивте успешно, можете да ја стартувате апликацијата преку опциите Debug или Run на фајлот ProductAggregatorProjectApplication.java.
Чекор 5: За да пристапите до почетната страна на апликацијата, изберете веб прелистувач и пристапете до една од следните url адреси: http://localhost:9090/ или http://localhost:9090/home.