wiki:UseCaseImplementations

Насоки за користење на апликацијата и финална имплементација на обработени функционалности

линк до видео записот за апликацијата: https://finkiukim-my.sharepoint.com/personal/vangel_ajanovski_finki_ukim_mk/_layouts/15/onedrive.aspx?ga=1&id=%2Fpersonal%2Fvangel%5Fajanovski%5Ffinki%5Fukim%5Fmk%2FDocuments%2FDB%2F2022%2D2023%2DZ%2FProektniPrezentacii%2FitProductAggregator%2Emp4&parent=%2Fpersonal%2Fvangel%5Fajanovski%5Ffinki%5Fukim%5Fmk%2FDocuments%2FDB%2F2022%2D2023%2DZ%2FProektniPrezentacii

Регистрација и најава на корисник

До почетната страна на апликацијата можете да пристапите на url адресите http://localhost:9090/ или http://localhost:9090/home. На почетната страната меѓу другите копчиња, видливи се и копчињата Register и Login.

Доколку клиентот се најави како администратор, му се прикажува дополнително копче Admin panel на почетната страна.

Со клик на Admin panel, на администраторот му се прикажуваат податоци за апликацијата добиени преку извршување на прашалници во базата на податоци.

Приказ на податоци за продуктите и додавање на нов продукт

Со клик на копчето Products, се листаат сите продукти од сите продавници и сите производители сортирани според нивниот датум на објавување. Дополнително, администраторот има можност да додава нов продукт со клик на копчето Add new product.

Доколку клиентот не се најави како администратор, нема привилегии да додава продукти и нема пристап до страната за администраторскиот панел.

Филтрирање на продукти по категории

Со клик на копчето Categories на корисникот му се прикажуваат сите категории на продукти.

Корисникот може да пребарува категории по стринг кој се содржи во нивното име.

Со избор на една од излистаните категории, корисникот е пренасочен на страната Products каде што се прикажуваат сите продукти од избраната категорија.

Филтрирање на продукти по производители

Со клик на линкот Manufacturers на корисникот му се прикажуваат сите производители на продукти.

Корисникот може да пребарува производители по стринг кој се содржи во нивното име.

Со избор на еден од излистаните производители, корисникот е пренасочен на страната Products каде што се прикажуваат сите продукти од избраниот производител.

Филтрирање на продукти

На страната Products корисникот има можност да пребарува продукти според стринг кој се содржи во нивното име, според категорија или според производител.

Исто така корисникот може да пребарува продукти и по повеќе од една карактеристика. Во овој случај се филтрираат продукти и по избрана категорија и по избран производител.

Можат да се филтрираат продукти и по сите три карактеристики:

Приказ на информации за продукт

Со клик на одреден продукт корисникот е пренасочен на друга страна каде што се прикажуваат информации за тој продукт.

Last modified 21 months ago Last modified on 03/04/23 18:28:28

Attachments (26)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.