wiki:WikiStart

Version 6 (modified by 201070, 19 months ago) ( diff )

--

IT Product Aggregator

Предмет: Бази на податоци - 2022/2023/Зимски

Под менторство на проф. д-р Вангел Ајановски и дем. м-р Ненад Анчев

Ноември 2022

Краток опис на проектот

Веб апликација која би претставувала агрегатор на IT продукти од најголемите ланци за продажба на IT опрема во државата. Целта на апликацијата е да овозможи споредба на продукти од таа област, без притоа да се пребаруваат веб сајтовите на секоја од овие компании поединечно за барана функционалност или спецификација.

Корисникот би имал опција за регистрација и најава на системот. Регистрираните корисници би можеле да дадат коментар или оцена за продуктите. Секој корисник би имал можност за избор на категорија на продукти и пребарување на производи за споредба од истата, притоа имајќи опција за преглед на достапноста, спецификациите и цената на даден производ во различните физички локации на компаниите. Дополнително, имајќи ги предвид различните спецификации на продуктите од различна област, споредувањето би имало смисла само доколку се споредуваат продукти од иста категорија.

Со споредбата како најважна функционалност во овој проект, се дава поразбирлив и појасен табелиран преглед на често збунувачките спецификации на продукти од IT секторот.

Членови на тимот

  • Стефан Тодоровски 201085 - координатор
  • Катерина Смилевска 201070

Фази на имплементација

Фаза Име на фаза Статус
0 Дефинирање на проектот Започната
1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Не е започната
2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Не е започната
3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Не е започната
4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Не е започната
5 Прототип апликација - Основни функционалности Не е започната
6 Нормализација и подобрувања на дизајнот Не е започната
7 Напреден апликативен развој Не е започната

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.