Version 9 (modified by 19 months ago) ( diff ) | ,
---|
IT Product Aggregator
Предмет: Бази на податоци - 2022/2023/Зимски
Под менторство на проф. д-р Вангел Ајановски и дем. м-р Ненад Анчев
Ноември 2022
Краток опис на проектот
Веб апликација која би претставувала агрегатор на IT продукти од најголемите ланци за продажба на IT опрема во државата. Целта на апликацијата е да овозможи споредба на продукти од таа област, без притоа да се пребаруваат веб сајтовите на секоја од овие компании поединечно за барана функционалност или спецификација.
Корисникот би имал опција за регистрација и најава на системот. Регистрираните корисници би можеле да дадат коментар или оцена за продуктите. Секој корисник би имал можност за избор на категорија на продукти и пребарување на производи за споредба од истата, притоа имајќи опција за преглед на достапноста, спецификациите и цената на даден производ во различните физички локации на компаниите. Дополнително, имајќи ги предвид различните спецификации на продуктите од различна област, споредувањето би имало смисла само доколку се споредуваат продукти од иста категорија.
Со споредбата како најважна функционалност во овој проект, се дава поразбирлив и појасен табелиран преглед на често збунувачките спецификации на продукти од IT секторот.
Членови на тимот
- Стефан Тодоровски 201085 - координатор
- Катерина Смилевска 201070
Фази на имплементација
Фаза | Име на фаза | Статус | ||
---|---|---|---|---|
0 | Дефинирање на проектот | Започната | ||
1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Не е започната | ||
2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) | Не е започната | ||
3 | Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи | Не е започната | ||
4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) | Не е започната | ||
5 | Прототип апликација - Основни функционалности | Не е започната | ||
6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Не е започната | ||
7 | Напреден апликативен развој | Не е започната |
Attachments (1)
- logo.png (20.3 KB ) - added by 19 months ago.
Download all attachments as: .zip