Визија
1. Вовед
Многу студенти по завршувањето на студиите имаат потреба од работа или пракса. Но не само тие, туку и сите оние кои можеби сакаат да го променат работното место, биле отпуштени од тековното или можеби сакаат да започнат втора работа. Исто така, во голем број компании се отвараат нови и нови работни позиции.
Со оваа иновативна платформа сакаме да се олесни поврзувањето на сите оние кои имаат потреба од работа со компаниите ширум регионот, но и обратно. Со фокус на корисничкото искуство и квалитетот на услугите, "Job Vista" е вашиот прозорец кон нови кариерни можности и успех.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Тема на проблем | Процесот на наоѓање на отворени работни позиции може да биде долг и напорен, вклучувајќи го и традиционалниот начин на аплицирање до истите преку e-mail, проследен со тешкотии како несигурност што точно да се напише во самиот mail, наоѓање на соодветната адреса и слично.
|
---|
Ги засега | Сите невработени, студенти, вработени со желба за дополнителна работа
|
---|
Со следните последици | Висока стапка на невработеност, желба за промена на работната позиција
|
---|
Успешно решение би било | Користење на онлајн платформа за аплицирање на огласи за работа со можност за следење на статусот на апликацијата, која би можела да биде пристапена од поголемиот број на уреди кои се користат денес.
|
---|
Тема на проблем | При отварање на нови работни позиции, се појавува проблемот каде да се објават истите, како да се популаризираат, односно како да стигнат до пошироката таргетирана јавност и соодветно како да се следат пријавувањата кон нив
|
---|
Ги засега | Сите фирми, фабрики, работодавци
|
---|
Со следните последици | Зголемен обем на работа, отварање на нови канцеларии, отпуштање/заминување на тековните вработени
|
---|
Успешно решение би било | Користење на онлајн платформа за објавување на огласи за работа со организиран и уреден преглед на сите поднесени апликации, која би можела да биде пристапена од поголемиот број на уреди кои се користат денес.
|
---|
2.2 Позиционирање на пазарот
За групата корисници | Работобаратели
|
---|
Кои | Имаат потреба да најдат пракса или работа
|
---|
Job Vista | Е веб базирана апликација
|
---|
Која овозможува | Широк поглед на отворени работни позиции со можност за нивно аплицирање
|
---|
За разлика од | najdirabota.mk и kariera.mk
|
---|
Нашиот продукт | Нуди следење на статусот на апликацијата (и можност за симулирање на интервју за отворените работни позиции)
|
---|
За групата корисници | Работодавци
|
---|
Кои | Имаат потреба објават оглас за работа/пракса
|
---|
Job Vista | Е веб базирана апликација
|
---|
Која овозможува | Објавување на олгаси за работа
|
---|
За разлика од | апликациите за објавување на огласи за работа во регионот
|
---|
Нашиот продукт | Нуди организиран преглед со user friendly интерфејс кој овозможува лесно снаоѓање и користење на апликацијата
|
---|
3. Опис на засегнати лица
3.1 Преглед на засегнати
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Администратор | Корисник со административен пристап | Автентикација на работодавците преку стапување во контакт со нив
|
Работодавец | Корисник на апликацијата | Објавување на огласи за работа/пракса и ажурирање на статус апликациите.
|
Работобарател | Корисник на апликацијата | Аплицирање на оглас за работа
|
Развивач на апликација | Лице со техничко знаење | Развивање и одржување на апликацијата, следење на трендовите на пазарот
|
3.2 Корисничка околина
Апликацијата ќе опслужува два вида на корисници: работодавци и работобаратели. Таа ќе има едноставен кориснички интерфејс, а единствени ограничувања ќе бидат пристап до интернет и пристап до уред со веб прелистувач за двата вида корисници. Времето на извршување на секоја од активностите би можело да варира, но само од перспектива на самите корисници.
4. Преглед
4.1 Потреби и карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Регистрција/најава на корисник | Must have | Регистрација/најава на нов корисник како работодавец или работобарател
|
Aжурирање на лични податоци | Should have | Корисникот најавен како работодавец или работобарател може да ги ажурира личните податоци
|
Аплицирање на оглас | Must have | Корисникот најавен како работобарател аплицира на оглас за работа
|
Преглед на статус на апликација | Should have | Корисникот најавен како работобарател може да го провери статусот на апликацијата
|
Објавување на оглас | Must have | Корисникот најавен како работодавец објавува оглас за работа
|
Ажурирање на оглас | Мust have | Корисникот најавен како работодавец го ажурира поставениот оглас за работа
|
Преглед на сите апликации за избран оглас | Must have | Корисникот најавен како работодавец има преглед на сите апликации за избраниот оглас
|
Ажурирање на статус на апликација | Should have | Корисникот најавен како работодавец го ажурира статусот на апликациите
|
Зачувуање на огласи | Could have | Преглед на сите зачувани огласи
|
Симулирање на интервју | Could have | Симулирање интервју за објавена работна позиција преку AI модел.
|
Нотификации за ново поставени огласи | Won’t have | Добивање нотификации за ново-поставени огласи кои одговараат на поставени критериуми
|
Фидбек механизам | Won’t have | Оставање фидбек за искуството при аплицирање како разбирливост на описот на работната позицијата, респонсивноста на работодавците итн.
|
Видео интервју-а во живо | Won’t have | Одржување на интервјуто online преку апликацијата
|
5. Други барања
Барање | Приоритет
|
---|
Уред (лаптоп, десктоп компјутер, телефон) | Must have
|
Пристап до интернет | Must have
|
Пристап до веб прелистувач | Must have
|