wiki:Vision

Version 2 (modified by 223021, 7 months ago) ( diff )

--

Визија

1. Вовед

Многу студенти по завршувањето на студиите имаат потреба од работа или пракса. Но не само тие, туку и сите оние кои можеби сакаат да го променат работното место, биле отпуштени од тековното или можеби сакаат да започнат втора работа. Исто така, во голем број компании се отвараат нови и нови работни позиции.

Со оваа иновативна платформа сакаме да се олесни поврзувањето на сите оние кои имаат потреба од работа со компаниите ширум регионот, но и обратно. Со фокус на корисничкото искуство и квалитетот на услугите, "Job Vista" е вашиот прозорец кон нови кариерни можности и успех.

2. Позиционирање

2.1 Дефиниција на проблем

Проблем на Наоѓање соодветна работа/пракса
Ги засега Сите невработени, студенти, вработени со желба за дополнителна работа
Со следните последици Висока стапка на невработеност, желба за промена на работната позиција
Успешно решение би било Користење на онлајн платформа за аплицирање на огласи за работа со можност за следење на статусот на апликацијата, која би можела да биде пристапена од поголемиот број на уреди кои се користат денес.


Проблем на Објавување оглас за отворена работна позиција
Ги засега Сите фирми, фабрики, работодавци
Со следните последици Зголемен обем на работа, отварање на нова фирма/фабрика, отпуштање/заминување на тековните вработени
Успешно решение би било Користење на онлајн платформа за објавување на огласи за работа со организиран и уреден преглед на сите поднесени апликации, која би можела да биде пристапена од поголемиот број на уреди кои се користат денес.

2.2 Позиционирање на пазарот

За групата корисници Невработени, студенти, вработени со желба за дополнителна работа
Кои Имаат потреба да најдат пракса или работа
Job Vista Е веб базирана апликација
Која овозможува Широк поглед на отворени работни позиции со можност за нивно аплицирање
За разлика од Апликациите за барање на работа во регионот а може и пошироко
Нашиот продукт Нуди следење на статусот на апликацијата (и можност за симулирање на интервју за отворените работни позиции)


За групата корисници Работодавци
Кои Имаат потреба објават оглас за работа/пракса
Job Vista Е веб базирана апликација
Која овозможува Објавување на олгаси за работа
За разлика од Апликациите за објавување на огласи за работа во регионот а може и пошироко
Нашиот продукт Нуди организиран преглед со user friendly интерфејс кој овозможува лесно снаоѓање и користење на апликацијата

3. Опис на засегнати лица

3.1 Преглед на засегнати

Име Опис Одговорности
Администратор Корисник со административен пристап Автентикација на работодавците преку стапување во контакт со нив
Работодавец Корисник на апликацијата Објавување на огласи за работа/пракса и ажурирање на статус апликациите.
Работобарач Корисник на апликацијата Аплицирање на оглас за работа
Развивач на апликација Лице со техничко знаење Развивање и одржување на апликацијата, следење на трендовите на пазарот

3.2 Корисничка околина

Апликацијата ќе опслужува два вида на корисници: работодавци и работобарачи. Таа ќе има едноставен кориснички интерфејс, а единствени ограничувања ќе бидат пристап до интернет и пристап до уред со веб прелистувач за двата вида корисници. Времето на извршување на секоја од активностите би можело да варира, но само од перспектива на самите корисници.

4. Преглед

4.1 Потреби и карактеристики

Потреба Приоритет Карактеристики
Регистрција/најава на корисник Must have Регистрација/најава на нов корисник како работодавец или работобарач
Aжурирање на лични податоци Should have Корисникот најавен како работодавец или работобарач може да ги ажурира личните податоци
Аплицирање на оглас Must have Корисникот најавен како работобарач аплицира на оглас за работа
Преглед на статус на апликација Should have Корисникот најавен како работобарач може да го провери статусот на апликацијата
Објавување на оглас Must have Корисникот најавен како работодавец објавува оглас за работа
Ажурирање на оглас Мust have Корисникот најавен како работодавец го ажурира поставениот оглас за работа
Преглед на сите апликации за избран оглас Must have Корисникот најавен како работодавец има преглед на сите апликации за избраниот оглас
Ажурирање на статус на апликација Should have Корисникот најавен како работодавец го ажурира статусот на апликациите
Зачувуање на огласи Could have Преглед на сите зачувани огласи
Симулирање на интервју Could have Симулирање на интервју за објавена работна позиција преку AI модел.
Нотификации за ново поставени огласи Won’t have Добивање нотификации за ново-поставени огласи кои одговараат на поставени критериуми
Фидбек механизам Won’t have Оставање фидбек за искуството при аплицирање како разбирливост на описот на работната позицијата, респонсивноста на работодавците итн.
Видео интервју-а во живо Won’t have Одржување на интервјуто online преку апликацијата

5. Други барања

Барање Приоритет
Уред (лаптоп, десктоп компјутер, телефон) Must have
Пристап до интернет Must have
Пристап до веб прелистувач Must have
Note: See TracWiki for help on using the wiki.