wiki:About

За: MusicBuzz

Членови на тимот:

  • Борис Џотов 185022
  • Илза Гаши 20006
  • Милена Кукољ 186085
  • Иван Трајков 186121

Краток опис:

Нашиот проект ќе претставува апликација за слушење на музика. Во оваа апликација ќе имаме 2 типа корисници: слушател и уметници . За нив ќе се чуваат и неколку дополнителни информации. Секој слушател ќе може да си одреди своја преференца за музика, а секој уметник ќе може да додаде свое дело. Песните се дело од некој уметник и тие се дел од некој албум. Друг тип на дело кое може да се додаде од страна на уметник е и подкастот. Секој подкаст содржи една или повеќе епизоди. Главната идеја на оваа апликација е да предлага нови песни кои се совпаѓаат со преференцата на клиентот а сепак тој да ги нема слушнато претходно. Доколку некоја песна му остави посебен впечаток, корисникот има опција да остави коментар и оценка за музичкото дело. Покрај албумите, песните може да припаѓаат и во различни плејлисти до кои може да пристапи секој. Подкастите припаѓаат на некоја категорија. Слушателот ќе има опција и да следи повеќе уметници, со цел да биде информиран доколку некој уметник објави ново дело кое би му се допаднало на слушателот. Ова е исто корисно и за уметниците, да можат да видат колку луѓе се нивни обожаватели. Уметниците исто така може да објават идни настани - live stream или концерт. На секој live stream слушателите можат да споделат реакција.

Детален опис на проектот:

Со оваа апликација корисниците ќе може да слушаат песни и подкасти кои ќе ги одберат и ќе ги чуваат во посебна плејлиста, но и ќе може да дознаваат нови песни и подсти врз основа на нивната преференца. Дополнително тоа што го нудиме е секој да го искаже своето мислење за некое уметничко дело и да се даде една реалистична слика на уметникот од неговите обожаватели. Пред се би сакале да чуваме неколку основни податоци за слушателот, неговото корисничко име и неговата е-пошта. Сакаме да има различни преференци за музика кои ќе бидат карактеризирани со жанр, инструменти, mood и tempo. Постојат и посебни преференци за категорија на подкаст. Потоа потребно е да се чуваат податоци за секој уметник, нивното уметничко име, од која држава се, краток опис, и каде може да ги најдеме на социјални мрежи. За секоја песна или подкаст посебно треба да се чуваат потребните податоци на пример име, кога е објавено, колку трае, кој е текстот. Секој слушател може да има повеќе преференци, може да следи повеќе уметници и секој уметник може да има повеќе дела. Секако песните може да бидат организирани во албуми, тие ќе имаат свое име, датум на издавање и жанр. А епизодите ќе бидат дел од подкасти, тие ќе имаат свое име, датум на издавање, број на епизода. Дополнително секоја песна може да биде дел од плејлиста, листата ќе има свое име и краток опис. Под секое песна или епизода ќе може да биде оставен коментар и оцена за делото. Секој слушател ќе може да остави свој впечаток за делото и ќе може да има повеќе плејлисти. Секој уметник ќе може да има повеќе албуми, а секој албум да биде поседуван од еден уметник.Корисниците ќе можат да пребаруваат и слушаат подкасти на различни теми и категории. Подкастите ќе бидат карактеризирани со име, времетраење, опис, категорија, уметник, За категориите се чува име, опис. Исто така ќе имаме историја на слушање, која претставува листа на песни или подкасти кои корисникот ги слушал во минатото. Омилени, претставува список на песни, подкасти или уметници што корисникот ги обележал како омилени. Идните настани претставуваат live-stream или концерт што слушателот може да ги следи. Атрибути на концертот може да вклучуваат наслов на настанот, датум и време, локација и уметници. Атрибути за live-stream би биле уметник, датум и време. За уметниците ќе можат да се чуваат информации за евентуални живи изведби на уметниците или концерти што корисникот може да ги прати. На секој live-stream слушателите ќе можат да споделат реакција. Реакциите се карактеризираат со име и слика.

  • За кого е наменета базата на податоци и проектот?
    • Овој продукт ќе биде развиен од компанија која веќе поседува база на уметници и база на албуми, песни и подкасти. Потребата на оваа компанија е да ги спои подобро интересите на своите корисници со уметниците и нивните дела.
  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?
    • Проблемот на кој ќе се работи е да се направат информирани препораки за нови песни, но и да се дозволи да се формира една директна врска помеѓу уметникот и публиката со воведување на коментари и оцени.
  • Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот?
    • Пристап до базата и проектот би имале само вработени во компанијата.
  • Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?
    • Нашиот проект е сличен со Spotify, но се разликува во дополнителната опција да се додадат коментари и оцени за секое дело како и опцијата на уметниците да направат live-stream во апликацијата.
  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
    • Апликацијата може да биде од сите три вида, со разлика на features во зависност од уредот на кој се користи апликацијата. На овој предмет демо верзијата и апликацијата би биле веб апликации.
Last modified 5 months ago Last modified on 12/17/23 10:11:56
Note: See TracWiki for help on using the wiki.