Opened 10 years ago

Closed 10 years ago

#15 closed defect (fixed)

Несоодветна организација на моделите

Reported-by: Vangel Ajanovski Owned by: 111063
Priority: major Milestone:
Component: component1 Version:
Keywords: Cc:

Description

Забележав некои несоодветности кои на час ги имав дискутирано, и сега ги потенцирам како посебен тикет, да се проверат и преуредат моделите.

  1. Начинот на организација е примарно по модел, потоа се групираат функционалностите во функционална област, потоа се групираат по случаи на употреба. Тие работи што се среќаваат во повеќе случаи на работа, се ставаат како versatile.
  1. Функионалните области треба да бидат истите во сите три модели и да бидат прво ниво на организација. Областите не мора да бидат поделени според актерите, дури некогаш и не е најприродно по актерите, може да бидат по некоја логичка поврзаност.
  1. Случаите на употреба од моделот на случаи на употреба, стануваат реализации на случаи на употреба во моделот на анализа (на ниво на анализа) и стануваат реализации на случаи на ниво на имплементација во моделот на дизајн и имплементација.

Во најмала рака треба да се користат исти имиња во трите модели за да се знае дека се работи за исти случаи на употреба. Ако еден ист случај може да се реализира на неколку начини тогаш може да има три варијанти со различни имиња, но тогаш се прави дијаграм во повисокиот модел на кој ќе се мапира кој случај одговара со која аналитичка реализација на случај. Тој дијаграм веќе го има, само треба да се внесат и поврзат во него.

Не сте се придржувале до овие правила секаде, што сугерира на невнимателност во моделирањето или на нечитање на инструкциите што ги пишува во моделот. Во самиот IBM RSA во делот за помош има и упатства и водичи за тоа како се градат моделите, разгледајте ги ако не ви е јасно или дојдете на консултации.

Change History (2)

comment:1 by 111063, 10 years ago

Owner: set to 111063
Status: newassigned

comment:2 by Vangel Ajanovski, 10 years ago

Resolution: fixed
Status: assignedclosed

Во ред е, затворам.

Note: See TracTickets for help on using tickets.