Vision
1. Вовед
Денес, дигитализацијата игра клучна улога во унапредување на услугите во угостителството. Со цел да се подобри искуството на клиентите и да се олесни работењето на вработените, се предлага развој на модерна апликација за пицерија која ќе овозможи целосно автоматизиран процес на нарачки и резервации. Апликацијата ќе понуди интуитивен и визуелно привлечен интерфејс преку кој корисниците лесно ќе можат да нарачаат храна, да направат резервација и да изберат начин на плаќање. Ова решение ќе ја зголеми ефикасноста, ќе го намали потребниот човечки ангажман и ќе придонесе за побрза и поквалитетна услуга.
2. Позиционирање
2.1 Дефинирање на проблем
| Проблемот на | Недоволна дигитализација и бавен процес на нарачки, резервации и испорака во пицериите. |
|---|---|
| Ги засега | Kлиентите кои чекаат долго или добиваат погрешни нарачки, вработените во пицеријата кои се преоптоварени со рачно управување со нарачки и комуникација. |
| Последици од проблемот | Долги чекања, грешки во нарачки, преоптоварени вработени, незадоволни клиенти и намалена ефикасност. |
| Успешно решение би било | Развој на апликација која овозможува онлајн нарачки, интерактивно мени, резервации, автоматско управување со нарачките и плаќањата. |
2.2 Позиција на пазарот
| За група корисници | За гости на пицеријата и вработени. |
|---|---|
| Коишто | Сакаат брзо, едноставно и прецизно нарачување и услуга. |
| P&A Crust | Лесно онлајн нарачување, интерактивно креирање пици, резервации на маси. |
| Која овозможува | Онлајн нарачки, резервации, интерактивно мени и автоматско управување со нарачки. |
| За разлика од | Традиционалниот начин со рачно земање нарачки и ограничена евиденција. |
| Нашиот продукт | Го подобрува корисничкото искуство и ја зголемува ефикасноста на работењето. |
3. Опис на засегнати страни
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорност |
|---|---|---|
| Администратор | Газдата на ресторанот | Да прави проверка на порачките, резервациите и прометот. |
| Вработени | Сите лица кои се во работен однос во ресторанот. | Да прифаќаат нарачки од апликацијата и внесуваат нови нарачки во ресторанот. |
| Клиент | Секој корисник на апликацијата. | Со користење на апликацијата да резервира маса и да направи порачка. |
| Развивач на апликацијата | Лице кое е засегнато со развивање и одржување на апликацијата. | Развивање на апликацијата и решавање на проблеми поврзани со апликацијата. |
3.2 Корисничка средина
Апликацијата е наменета за сите типови на корисници – од млади кои сакаат брза и лесна нарачка, до семејства кои сакаат да резервираат маса однапред. Погодна е и за луѓе кои сакаат да нарачаат за носење. Благодарение на едноставниот дизајн, можат да ја користат и луѓе што не се многу вешти со технологија, а има доволно функции и за оние што сакаат повеќе контрола и удобност.
4. Преглед на производот
4.1 Потреби и карактеристики
| Потреба | Приоритет | Карактеристики |
|---|---|---|
| Регистрација/најава | Задолжително | Корисникот се најавува со емаил |
| Регистрација/најава | Задолжително | Корисникот прави резервација/нарачка |
| Откажување на резервација/нарачка | Задолжително | Корисникот ја откажува својата резервација/нарачка |
| Преглед на мени | Задолжително | Сите пици и додатоци видливи за избор |
| Креирање пица | Задолжително | Уникатна пица на клиент со додавање состојки |
| Итна нарачка | Задолжително | Опција за побрза достава со доплата |
| Сметка/плаќање online | Задолжително | Секогаш видлива од десна страна |
| Статус на порачка | Задолжително | Се гледа дали е во подготовка или готова |
5. Други барања (услови)
| Барање | Приоритет |
|---|---|
| Мобилен телефон, таблет или лаптоп/компјутер | Задолжително |
| Интернет конекција | Задолжително |
| Пристап до прелистувач | Задолжително |
