wiki:AboutProject

Дефинирање на проектот

Членови на тимот

Име и Презиме Индекс Улога
Дамјан Илиевски 231003 Координатор
Викторија Георгиевска 231006 Член на тимот
Стефан Марковиќ 231196 Член на тимот

Краток опис на проектот

Идејата и целта на нашиот проект претставува дизајн на база на податоци за систем за градски превоз, инспириран од реални јавни транспортни системи како што на пример е ЈСП Скопје. Основната идеја е да се моделира организацијата на градскиот превоз на начин што ќе овозможи јасна евиденција на автобуски линии, нивните дневни активности, распределба на ресурси и управување со билети. Целта на системот е да се опфати реалниот процес на функционирање на јавниот превоз, каде една линија не се разгледува само како фиксна рута, туку како динамичен систем кој во текот на денот има повеќе тргнувања во различни временски интервали. На тој начин се прави разлика помеѓу самата линија како транспортна рута и конкретното возење како реализација на таа рута во точно определено време.

Системот е замислен така што за секое конкретно возење се обезбедува распределба на достапни ресурси, односно секое поаѓање е поврзано со конкретен автобус и конкретен возач. Со тоа се добива појасна организација на транспортниот процес и можност за следење на оперативната состојба на системот. Покрај организацијата на возењата, значаен дел од проектот е и управувањето со билетите. Идејата е системот да поддржува повеќе типови билети со различна временска важност, како што се еднократни, дневни, месечни и годишни билети. На тој начин се моделираат реални сценарија на користење на јавен превоз, каде различни корисници имаат различни потреби и начини на користење на услугата. Во системот е предвидено секое купување на билет да биде евидентирано како посебна трансакција, со можност за поврзување со конкретно возење. Ова овозможува подобра контрола врз издадените билети и појасна временска дефиниција за нивната важност.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

  • Базата на податоци и апликацијата се наменети за јавни транспортни претпријатија, како што е ЈСП Скопје, односно институции кои управуваат со градски превоз. Одговорноста за поседување и одржување на системот би ја имала самата институција (јавна или приватна компанија за транспорт), која би ја користела базата за централизирано управување со автобуски линии, возења, возачи и билети. Нивните потреби вклучуваат, ефикасна организација на возниот ред, распределба на автобуси и возачи, контрола и евиденција на билети и подобрување на оперативната ефикасност.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

  • Системот решава реални проблеми поврзани со организацијата на јавниот превоз, овозможува појасна структура на возниот ред и дневните активности, обезбедува подобра распределба на автобуси и возачи, овозможува евиденција и контрола на билетите, ја подобрува транспарентноста на работењето и овозможува централизирано следење на сите процеси. Со тоа се намалуваат организациски грешки и се подобрува ефикасноста на системот.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

  • Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
    • Администратори на системот - управуваат со целиот систем
    • Возачи - ги извршуваат возењата според распоред
    • Контролори - проверуваат валидност на билети
    • Одржувачи - се грижат за техничката состојба на возилата
    • Патници - користат услуги и купуваат билети

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

  • Слични системи веќе постојат во рамки на јавните транспортни претпријатија, како и кај ЈСП Скопје. Разликата на нашиот предлог е во тоа што, нуди јасно моделирање на процесите во јавниот превоз, овозможува подобра организација преку структурирани податоци и е флексибилен и може лесно да се проширува.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

  • Се работи за веб апликација.
Last modified 13 days ago Last modified on 04/20/26 02:13:49
Note: See TracWiki for help on using the wiki.