Филтрирање по тип на извештај
Цел:
Целта е да се овозможи конкретно избирање на одреден извештај кој достапен во самата база на податоци. Во моментот на креирање на апликацијата достапни се 4 типа на извештаи:
- Академски извештај
- Медицински извештај
- Криминален извештај
- Едукациски извештај
Главната идеја
Во самиот дел каде се наоѓаат извештаите, корисникот има опции да филтрира по тип на извештај, во горниот лев агол од прозорецот. Филтрирањето може да биде применето во моментот кога е селектиран еден од 4-те radio buttons, до кои стои соодветна лабела на извештај кого го репрезентираат. Доколку се избере некој од тие извештаи, соодветно копчето за аплицирање на филтерот станува активно и со негово притискање корисникот е редиректиран на друга страна каде е прикажана табела од сите можни извештаи, притоа со детален опис од избраниот тип.
Корисникот дополнително има можност да превземе податоци, и тоа на два начина, од кои самиот избира:
- .pdf датотека
- .csv датотека