| 1 | == Додавање нов извештај за одбрана личност == |
| 2 | |
| 3 | **Цел:** |
| 4 | |
| 5 | Целта на оваа функционалност е да се овозможи додавање на нов извештај за секој од Person објектите (луѓето) кои се достапни во базата. Оваа функционалност овозможува збогатување и одржување на резимето на извештаи за одредена персона. |
| 6 | |
| 7 | |
| 8 | **Главната идеја** |
| 9 | |
| 10 | Корисникот избира еден Person и се пренасочува кон неговиот профил. Веднаш во горниот дел од страницата, има 4 опции за додавање на нов извештај, односно каков тип на извештај сака корисникот да додаде: |
| 11 | Ако корисникот избере да додаде ''медицински наод'', се појавува формата која е потребна да се пополни. Истата таа ги содржи следните влезни податоци: |
| 12 | |
| 13 | **Влезни податоци за !MedicalReport:** |
| 14 | * Опис на случајот |
| 15 | * Закажување следна контрола на пациентот |
| 16 | * Кој доктор го прегледал |
| 17 | * Дијагноза која е доделена (избор на 0 или повеќе дијагнози) |
| 18 | |
| 19 | Овозможено е и додавање на дијагноза веднаш на самиот панел, со клик на копчето Add New Diagnosis. Формата која се појавува на таа страна ги има следните полиња за пополнување: |
| 20 | |
| 21 | * Опис на дијагноза |
| 22 | * Опис на терапија за дијагнозата |
| 23 | * Дали е хронична |
| 24 | * Колку дијагнозата е загрозувачка |
| 25 | |
| 26 | Од кога корисникот ги пополнува потребните полиња, тој соодветно може да го прикачи медицинскиот наод и истиот се меморира во базата на податоци. Корисникот е редиректиран на панелот на Person објектот на кого му е додаден соодветниот медицински наод, кој е видлив во делот на !MedicalReports. |
| 27 | |
| 28 | Истото ова се повторува за останатите 3 извештаи, но различни се нивните влезни полиња. |
| 29 | |
| 30 | **Влезни податоци за !CriminalReport:** |
| 31 | * Опис на случајот |
| 32 | * Локација |
| 33 | * Статус на случај |
| 34 | * Тип на криминал |
| 35 | * Тип на казна |
| 36 | * Ако казната е парична - се внесува сумата, во спротивно ако е затворска се внесува датумот на ослободување |
| 37 | |
| 38 | **Влезни податоци за !AcademicReport:** |
| 39 | * Избор на институција |
| 40 | * Која насока се избира |
| 41 | * Опис на самиот извештај |
| 42 | |
| 43 | **Влезни податоци за !EmploymentReport:** |
| 44 | * Почетен работен ден |
| 45 | * Доколку веќе не работи во истото место, се внесува краен, во спротивно сеуште се меморира како вработен |
| 46 | * Наведување на работната позиција |
| 47 | * Месечен приход |
| 48 | * Опис на работата |
| 49 | |