Визија
Вовед
Проектот се прави со главна цел да се дигитализира работењето на рестораните со корисни алатки. Со помош на овие алатки би се олеснило менаџирањето со рестораните и корисниците би имале по едноставно искуство. Корисниците ќе имаат можност да го разгледаат целото мени за ресторанот заедно со контакт информации, како и да резервираат директно од истата страна. Дополнително тие би можеле да остават повратна информација за квалитет на услугата/храната и слично.
Позиционирање
Дефинирање на проблемот
Проблем на | Дигитално менаџирање на ресторани
|
---|
Ги засега | Сопственици и менаџери на ресторани
|
---|
Со следните последици | Поедноставно и попрегледно менаџирање, зголемен профит, намалена зафатеност на персоналот
|
---|
Успешно решение би било | Едноставна за користење веб апликација со лесна конфигурација
|
---|
Позиционирање на пазарот
За | Сопственици на ресторани
|
---|
Кои | Имаат потреба дигитално решение за нивниот ресторан
|
---|
resTools | Е продукт кој овозможува прегледно и едноставно менаџирање со ресторанот
|
---|
Кој овозможува | Клиентите на рестораните да имаат лесен пристап до резервации, мени
|
---|
За разлика од | Скапи персонализирани решенија за секој ресторан посебно
|
---|
Опис на засегнати
Преглед на засегнати
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Сопственици и менаџери | Корисници на апликацијата кои имаат потреба од дигиталните алатки за менаџирање | Да внесуваат точни и времени информации за контакт и мени, да прегледуваат нови резервации и повратни информации
|
Клиенти на ресторанот | Корисници кои ќе ги користат алатките во рамки на еден ресторан | Да внесуваат точни информации за резервации, да не даваат лажни повратни информации на ресторанот
|
Корисничка околина
Сите корисници мора да имаат пристап до интернет и веб прелистувач. Дополнително менаџерите треба да креираат и своја корисничка сметка.
Преглед на продуктот
Потреба и карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Регистрација и најава на корисникот - менаџер | задолжително | Регистрација и најава на корисник
|
Менување на контакт информации и мени за ресторанот | задолжително | Внесување информации во форма
|
Преглед на резервации и повратни информации по временски интервал | задолжително | Сортирање на направените резервации/повратни информации по време
|
Додавање конфигурација за маси | задолжително | Информациите за маса се потребни за успешно реализирање на резервациите
|
Додавање на нова резервација / повратна информација од страна на корисник - клиент | задолжително | Внесување информации во popup форма
|
Визуелен преглед на конфигурацијата на маси | пожелно | Графички преглед на распоредот на масите
|
Други потреби
Побарување | Приоритет
|
---|
Пристап до интернет | задолжително
|
Пристап до прелистувач | задолжително
|
Кориснички профил за менаџерот | задолжително
|
Навремено прегледување на резервациите | задолжително
|