wiki:Vision

Version 2 (modified by 206033, 3 years ago) ( diff )

--

Визија

Вовед

Проектот се прави со главна цел да се дигитализира работењето на рестораните со корисни алатки. Со помош на овие алатки би се олеснило менаџирањето со рестораните и корисниците би имале по едноставно искуство. Корисниците ќе имаат можност да го разгледаат целото мени за ресторанот заедно со контакт информации, како и да резервираат директно од истата страна. Дополнително тие би можеле да остават повратна информација за квалитет на услугата/храната и слично.

Позиционирање

Дефинирање на проблемот

Проблем на Дигитално менаџирање на ресторани
Ги засега Сопственици и менаџери на ресторани
Со следните последици Поедноставно и попрегледно менаџирање, зголемен профит, намалена зафатеност на персоналот
Успешно решение би било Едноставна за користење веб апликација со лесна конфигурација

Позиционирање на пазарот

За Сопственици на ресторани
Кои Имаат потреба дигитално решение за нивниот ресторан
resTools Е продукт кој овозможува прегледно и едноставно менаџирање со ресторанот
Кој овозможува Клиентите на рестораните да имаат лесен пристап до резервации, мени
За разлика од Скапи персонализирани решенија за секој ресторан посебно

Опис на засегнати

Преглед на засегнати

Име Опис Одговорности
Сопственици и менаџери Корисници на апликацијата кои имаат потреба од дигиталните алатки за менаџирање Да внесуваат точни и времени информации за контакт и мени, да прегледуваат нови резервации и повратни информации
Клиенти на ресторанот Корисници кои ќе ги користат алатките во рамки на еден ресторан Да внесуваат точни информации за резервации, да не даваат лажни повратни информации на ресторанот

Корисничка околина

Сите корисници мора да имаат пристап до интернет и веб прелистувач. Дополнително менаџерите треба да креираат и своја корисничка сметка.

Преглед на продуктот

Потреба и карактеристики

Потреба Приоритет Карактеристики
Регистрација и најава на корисникот - менаџер задолжително Регистрација и најава на менаџер
Менување на контакт информации и мени за ресторанот задолжително Внесување информации во форма
Преглед на резервации по временски интервал и нивно прифаќање или одбивање задолжително Сортирање на направените резервации по време, лесно одбивање или профаќање на резервациите
Преглед на оставена оценка reviews/feedback задолжително Сортирање на оставените оценки по време, преглед кон една средна оценка
Додавање на нова резервација / повратна информација од страна на корисник - клиент задолжително Внесување информации во popup форма

Други потреби

Побарување Приоритет
Пристап до интернет задолжително
Пристап до прелистувач задолжително
Кориснички профил за менаџерот задолжително
Навремено прегледување на резервациите задолжително
Note: See TracWiki for help on using the wiki.